24 Ноември, 2024
0.0509

Спас на Шпанија со 30 милијарди евра

Објавено во: Економија 11 Јули, 2012

Добивај вести на Viber

Лондон - Заедничката европска валута ослабе на нов двогодишен минимум во однос на доларот, бидејќи трговците се уште не се сигурни дали најновиот потег на еврозоната ќе ги реши огромните должнички проблеми на Шпанија. Вредноста на еврото падна на 1,2246 долари, што е најниско ниво од 1 јули 2010 година, а надминат е и претходниот двогодишен минимум од 1,2251 долар, кој е забележан во понеделникот.

Брисел - Министрите за финансии на еврозоната ги договорија условите за помош за спас на ослабените шпански банки, најавувајќи дека до крајот на овој месец за Шпанија ќе бидат подготвени 30 милијарди евра. Состанокот на министрите за финансии на 17-те членки на Европската унија кои го користат еврото, траеше осум часа без прекин, до два часот наутро. Министрите повторно ќе се состанат во Брисел на 20 јули за да го финализираат тој договор, кој прво треба да добие одобрение од владите или парламентите на членките на еврозоната, изјави претседателот Жан-Клод Јункер.

Брисел - Жан-Клод Јункер останува шеф на еврогрупата, откако министрите за финансии на еврозоната ги прифатија барањата на луксембуршкиот премиер, но тој ќе биде шеф само привремено и не е јасно што ќе биде потоа. Министрите за финансии на еврозоната одлучија да го исполнат барањето на Јункер и Ив Мерш од Луксембург да го номинираат за испразнетото место во Управниот одбор на Европската централна банка.

Париз - Единствената банкарска супервизија во еврозоната може брзо да биде остварена, а најдобро би било да ја спроведе Европската централна банка, изјави гувернерот на Банката на Франција и член на Извршниот одбор на ЕЦБ, Кристијан Ноер.

Москва - Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент, го ратификува Протоколот за приклучување на Русија кон Светската трговска организација по 18 години преговори, наспроти силното противење на опозициските партии. Се очекува Протоколот да го одобри и Горниот дом на рускиот Парламент, Советот на Федерацијата, а потоа треба да го потпише претседателот Владимир Путин.

Париз - Невработеноста во развиените земји ќе се задржи на високо ниво најмалку до крајот на 2013 година, при што младите и пониско квалификуваните ќе го носат товарот на најслабото економско зајакнување во изминатите 40 години, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Стапката на невработеност во 34 земји членки на ОЕЦД до крајот на следната година ќе остане на ниво од 7,7 отсто, што е блиску до овогодишната мајска стапка од 7,9 отсто, со 48 милиони луѓе без работа, наведено е во извештајот на ОЕЦД под името - Прогнози за вработеноста за 2012 година. Подгорица - На Бирото за труд во Црна Гора моментно се пријавени 29.100 граѓани, а стапката на невработеност во државата изнесува 12,54 отсто, соопшти Заводот за вработување. Берлин - Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека растот на најголемата европска економија оваа година ќе биде побавен како резултат на намалувањето на извозот на европските пазари, но сепак ќе биде избегнат пад на БДП. - Оваа година ќе оствариме раст, иако тој ќе биде побавен бидејќи извозот на европските пазари е послаб од порано. Се уште се бориме со економската криза од 2008 и 2009 година, но ја научивме лекцијата, наведе Меркел.

Париз - Индустриското производство во Франција во мај е намалено за 1,9 отсто во однос на претходниот месец, објави францускиот Институт за статистика ИНСЕЕ. Во април индустриското производство порасна за 1,4 отсто, а не како што беше претходно објавено 1,5 отсто.

Лисабон - Португалија оваа година ќе забележи негативен економски раст од минус 3 отсто, наместо претходно очекуваните минус 3,4 отсто, соопшти Централната банка во Лисабон.

Рим - Индустриското производство во Италија во мај порасна над очекувањата за 0,8 отсто, по априлскиот пад од 1,9 отсто, покажаа податоците на Националната канцеларија за статистика Истат. Благиот раст, кој е добра вест за Италија која е погодена од рецесија, беше подобар од очекуваниот, сметајќи дека економистите кои ги анкетираше агенцијата „Дау Џонс Њузвајерз“, предвидуваа пад од 0,5 отсто.

Пекинг - Кинескиот трговски суфицит е зголемен во јуни поради поголемиот пад на побарувачката за увоз, што ја зголемува загриженоста околу забавеноста на втората најголема светска економија. Кинеските лидери веќе преземаа некои чекори за одржување на растот, сметајќи дека два пати од почетокот на јуни ги зголемија каматните стапки, а најновите трговски податоци изразуваат очекувања дека слични потези ќе преземат и во следните неколку месеци.

Тајпеј - „Банката на Тајван“, најголема тајванска банка, отвори своја подружница во Кина, што претставува знак дека тие две страни можеби се блиску до потпишување на договор за валутен клиринг. Државната „Банка на Тајван“ отвори подружница во Шангај, само по неколку недели откако „Банката на Кина“ отвори подружница во Тајпеј.

Њујорк - Ако се стави некој од банкарите во затвор или ако се обеси на улица можеби тогаш некој од тоа ќе ја научи лекцијата, укажа американскиот економист Нуриел Рубини во интервју за агенцијата Блумберг, одговарајќи на прашањето што можеме да направиме за да ги спречиме банкарските скандали. - Од почетокот на финансиската криза никој не отиде во затвор. Банките прават работи што се целосно незаконски и во најдобар случај треба да им се изрече некаква парична казна. Ако некој заврши во затвор, можеби некој од тоа ќе извлече поука. Или кога некој би го обесиле на улица, истакна Рубини.

Лондон - Поранешниот извршен директор на британската банка „Барклиз“, Боб Дајмонд, кој поднесе оставка поради скандалот околу наместените каматни стапки, не побара исплата на бонус во износ од 20 милиони фунти (25 милиони евра), соопшти претседателот на Барклиз, Маркус Агиус. - Боб Дајмонд доброволно се одлучи да се откаже од бонусот на кој инаку има право. рече Агиус на британскиот парламентарен комитет.

Москва - Претседателот на Русија Владимир Путин вети дека ќе отвори уште поголеми пространства на рускиот дел на Арктикот за потребите на домашните компании во нафтениот и гасниот сектор, а исто така повика на тој развој да се придружат и странски фирми. Путин истакна дека Арктикот претставува најголема надеж за Русија и дека соработката со странски енергетски гиганти ќе биде најдобра шанса за што побрзо истражување на тој огромен регион.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна