Спас за рибата во Слатинско езеро
Објавено во: Мои пари 08 Јуни, 2013 18:45
Започна изловувањето на рибниот фонд од слатинското езеро. Во специјални садови со кислород ќе биде транспортиран и пуштен во Требенишко езеро и во околните реки, а еден дел ќе биде пренесен во Хидробиолошкиот завод во Охрид, каде ќе остане додека не се санира оштетената брана.
Изловувањето се прави со цел да се заштити рибата од еколошка катастрофа, бидејќи во оштетената земјена брана во моментов има уште околу еден метар вода. Езерото е богато со крап, мрена, плашица, пастрмка, јагула, грунец и други видови риба.
Од хидробиолошкиот завод - Охрид информираат дека по санирањето на браната, рибите ќе бидат вратени во езерото.
- Еднаш ова беше направено во 1994 година, кога исто така беше оштетена браната. Тогаш по санацијата беше изловен крап од Охридското Езеро кај Љубаништа и беше порибено Слатинското. За жал после 20 години се случува истото, вели Трајче Талевски од ХБЗ Охрид.
Радован Димитриески од спортското риболовно друштво „Св. Апостол Петар“ кое е концесионер на Слатинското езеро се надева дека ваквата состојба нема да трае долго и оти браната наскоро ќе биде санирана, бидејќи штета покрај концесионерот трпи и целата општина Дебрца.
- Се соочуваме со еколошка катастрофа. Наместо да врие тука од спортски рибиоловци и да го развиваме рибниот туризам, ние сме соочени со предизвик да го спасуваме рибниот фонд, но нашите апели до надлежните не вродија со плод и за жал сме приморани на овој чин, вели Димитриески.
Концесионерот се надева дека преостанатиот рибен фонд во Слатинското езеро ќе биде спасен, а направената штета дополнително ќе се утврдува со превземените мерки.
- Досега не е извршена сондажа на рибниот фонд, но ние очекуваме пет до 10 тони риба да биде изловена од езерото, а колку ќе има, останува да видим,е бидејќи дел од рибата е угината во пукнатините од оштетената брана, изјави Димитриески.
Опасност од уривање на браната, според градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајковски, нема, бидејќи водостојот е речиси на минимум и нема голем притисок врз неа.
- Се надевам дека многу брзо од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се санира браната, односно да направиме една атракција каде ќе доаѓаат туристи кои ќе имаат што да видат, и што да им се понуди, изјавиТрајковски.
Сепак не се препорачува движење околу Слатинското Езеро.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





