20 Декември, 2025
0.0406

Спас за Водно: Итно власта да не вклучи во одлуките за Водно

Објавено во: Македонија 14 Април, 2018 11:20

Добивај вести на Viber

Неформалната еколошка организација „Спас за Водно“ бара да биде вклучена во процесот на носење одлуки за регулирање на планината Водно која е најзначајна за белите дробови на главниот град и да се почитуваат стручните, како и граѓанските мислења за соодветните решенија. Тие доставија повеќе барање до владата и градот Скопје со цел да се носат подобри и поквалитетни одлуки.

„Итно вклучување (учество или присуство) на граѓанската иницијатива „Спас за Водно“ во работната група формирана за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение во однос на изградбата на Магистралниот гасовод Делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар, како и непречен пристап до целокупната документација за истиот.

-Отстранување на градежната механизација наменета за изведба на гасоводната мрежа од Парк-шума Водно.

-Утврдување на границите на Парк-шума Водно и нивно јасно обележување на терен.

-Неодложно усогласување на статусот на заштита на Парк-шума Водно со тековниот Закон за заштита на природата.

Во изминативе години, Водно е нападнато со засилена урбанизација како од насока на градот, така и со неколкуте непотребни градежни проекти каков што е патот за Сончев град и телекомуникациската кула. Сведоци сме на континуирана злоупотреба на заштитената зона и непочитување на дефинираните граници на Парк-шума Водно, а гасоводот како проект низ сртот на Водно само ја прели чашата бидејќи претставува уште еден сериозен удар врз опстанокот на Парк- шумата Водно како оаза на зеленило и чист воздух. Со сите овие проекти се зголемува потребата од дополнителна патна и пристапна инфраструктура, како и протокот на сообраќај, што негативно се одразува на целиот жив свет.

Изградбата на трасата на Магистралниот гасовод Делница 5 преку сртот на Водно, за нас граѓаните, е неприфатливо решение бидејќи со градежните зафати трајно ќе се уништи голема површина на која има шума, ќе се измени ликот на планината и сериозно ќе се загрози био хабитатот на живиот свет на Водно.

За нас е неприфатливо објаснувањето од инвеститорот дека одлуката за минувањето на трасата по сртот на Водно е само затоа што таа опција е најефтино решение, што автоматски значи дека не и најсоодветно!

Затоа, транспарентноста и вклучувањето на граѓанскиот сектор при креирањето на политики и носењето одлуки и дејствија поврзани со Парк-шума Водно е од клучна важност, со што бараме наше итно вклучување преку УЧЕСТВО или ПРИСУСТВО во работната група за Делница5 од гасоводот, формирана по донесената одлука на 61. владина седница.

Водно е еден конкретен пример каде што од оваа Влада се бара да премине од ЗБОР на ДЕЛО во однос на транспарентноста и вклучувањето на граѓаните во одлуки кои ги засегаат“ стои во барањето на „Спас за Водно“, заедно со организациите „O2 Коалиција“, „Стоп на Загадувањето“, „Ние Сме Карпош 4“, „Воздух Сега!“, „Спас за Кисела Вода“, „Скопје Смог Аларм“, „Скопје бара чист воздух“, „Граѓанска група КАРПОШ 3″ и „Зелено Тафталиџе“.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки