Спасов освен со „Туарегот“ противправно си се возикал со уште три службени возила
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2016
Оставка од заменик министерот за труд и социјала побара денеска министерката Фросина Ременски.
Таа вели дека со инцидентот кој во последните три дена е главна тема во медиумите и целата јавност, Диме Спасов го нарушил угледот на Министерството.
Според Ременски, Туарегот со кој заменик министерот направил сообраќајни прекршоци е во сопственост на Агенцијата за вработување и не е единственото возило кој тој го користел надвор од работното време. Како што вели таа, Спасов противзаконски, освен со Туарегот, располагал и со уште други три возила кои од страна на Владата на Република Македонија, на 12 август 2015 година се дадени на трајно користење на Агенцијата за вработување.
Таа посочи дека Спасов противправно трошел средства за гориво на Министерството за труд и социјална политика за потребите на возилото кое не е во сопственост на министерството, додавајќи дека се преземаат мерки и за возачот во Министерството за труд и социјална политика кој ја презел одговорноста за инцидентот во саботата, а не е возач на дополнителниот заменик министер.
Меѓудругото Ременски побара МВР да го расветли инцидентот со што ќе се покаже неселеквтивност во постапувањето и еднаковст на сите граѓани пред законот.