Спасовски: Го затвораме Водно од 18 часот до 7 часот наутро
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Март, 2020
Водно ќе биде затворено за движење после 18 часот.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски во вечерашното гостување на телевизија Телма најави нови мерки на Владата во борба за коронавирусот.
„Го затвораме Водно од 18 часот до 7 часот наутро. Доколку објекти се издаваат за организирање журки, кривично ќе бидат гонети сопствениците, а сите што биле во објектот ќе бидат гонети и сместени во изолација. Маркетите и супермаркетите да воспостават редарска служба што ќе дозволува само одреден број да влезат внатре, а оние што чекаат надвор да бидат на два метри одалеченост, најави Спасовски.
Во земјава бројот на заразени скокна на 48. Заразени има во Дебар, Скопје, Гостивар, и Штип.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.