26 Јуни, 2024
0.0328

Спасовски и Милков со повик да не се блокираат патишта за Бугарите на 4 февруари

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им порача на групите кои се организираат за да го блокираат пристигнувањето на бугарски државјани кои сакаат на 4 феврураи да се поклонат на гробот на Гоце Делчев, да не ги блокираат патиштата кои водат кон Скопје.

- Нема никаква потреба од какво било организирање на граѓаните за блокади на патиштата или ноќни стражи на денот на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, затоа што тука се институциите на системот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На социјалните мрежи објавен е повик упатен до граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје. Спасовски повика на мирно, достоинствено чествување, а државата со безбедносните служби ќе направи се што е потребно за да се обезбедат мирни услови.

Според сознанијата на министерот, нема да биде многу голем бројот на оние кои се организираат и сакаат да дојдат.

– Апсолутно нема да дозволам како МВР понижување на македонскиот народ и држава, најмалку да не понижи некој кој доаѓа од надвор. Ние сме народ кој е гостопримлив, кој знае да укаже чест и почит, но таа чест и почит мора да ни биде возвратена. Нема да дозволиме дома некој да ни дојде за да не понижува. Во тој дел институциите работат и прибираат информации, наведе Спасовски во емисијата „Утрински печат“.

Бугарија пак ќе бара со нота да им се обезбеди пристап на Бугарите што патуваат во Македонија за да се поклонат на споменикот на Гоце Делчев на 4 февруари. На настанот ќе учествуваат и претставници на бугарската амбасада, а ова  го соопшти бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков на брифинг.

– На социјалните мрежи во Северна Македонија се организираат блокади на патот кон Скопје против бугарските посетители. Клучно е да се обезбеди безбедност на Бугарите таму. Обезбедувањето непречено оддавање почит на 4 февруари е елемент на тоа. Сакаме да постигнеме деескалација. Ние не бегаме од таков дијалог. Нашиот премиер ќе има телефонски разговор со македонскиот премиер Ковачевски, а еден од главните елементи ќе биде обезбедувањето на безбедноста на бугарските граѓани воопшто, како и за тоа што ќе се случи на 4 февруари. Ние се залагаме за таква деескалација, не треба да се вратиме на ситуацијата пред една недела бидејќи тоа би било конкретизирање на репресијата – посочи Милков.


Можеби ќе ве интересира

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“