Спасовски ќе ги казнува полицајците кои ќе бидат фатени во партиски активности
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2016
Секој полициски службеник кој ќе го прекрши законот за време на изборната кампања и и ќе биде учесник во изборни активности ќе биде казнет.
Министерот Оливер Спасовски денеска од Велес порача дека секој полицаец кој ќе биде затекнет во партиски активности ќе биде казнет.
Спасовски ги повика граѓаните да не се плашат и ги пријават сите полициски службеници кои ќе го прекршат законот, бидејќи како што вели тој, работа на полицијата е да ги штити граѓаните и да се грижи за нивната безбедност а не да учестуваат во изборни активности.
„Ова е многу сензитивен период и дадов наредби да се постапува ислучиво законски, да ја тргнеме политиката од полицијата и апелирам до сите граѓани доколку почувствуваат било каков притисок или вклучување во изборни активности на било кој вработен во полицијата веднаш да пријават затоа што тоа не е работа на полицијата. Работа на полицијата е да ги штити граѓаните“ - рече министерот Спасовски.