Спасовски: Лице за обезбедување на Мицкоски остави возило во погон 13 часа без да го вози
Објавено во: Македонија 28 Април, 2022 15:24
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната сесија на пратенички прашања во Собранието рече дека лице од службеното обезбедување кое го побарал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оставил слуќбено возило да работи во место 13 часа.
- Едно од лицата за обезбедување на вашиот лидер зема службено возило и заборави дека го оставил 13 часа во погон пред една продавница. Обезбедувањето на лидерот на опозицијата заборавило во погон возило и за него беше појкрената постапка и беше казнет, гласеше дел од одговорот на Спасовски кон пратеникот Драган Ковачки.
Министерот потсети дека вакво барање за службено обезбедување било доставено од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа испратено до Агенцијата за национална безбедност да направи проценка дали е потребно физичко обезбедување за да се зачува неговиот интегритет под закани упатени на Фејсбук.
Мицкоски пред четири гдоини доби полициско – службено обезбедување. Полициско обезбедување може да се додели по барање на лицето кое појаснува дека има безбедносен ризик по неговиот живот или да биде продолжено по претходна проценка за безбедноста на субјектот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




