Спасовски: Нема поместување во однос на деблокирањето на институциите
Објавено во: Македонија 21 Март, 2017 17:58
Нема поместување во однос на деблокирањето на институциите, изјави попладнево генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Оливер Спасовски.
Вели дека побарале да продолжи седницата со 67 потписи од пратеници. Спасовски објаснува дека откако прифатиле ВМРО-ДПМНЕ да има 6 члена во комисијата за избори и именување, партијата побарала да има претседател во комисијата.
„ВМРО-ДПМНЕ ја опструира Македонија. Не сака да функционира Собранието со цел да си ги зачуваат сопствените места“ - вели Спасовски.
Тој објасни дека Собранието бира кој ќе биде претседател, кој заменик претседател, а кои ќе бидат членови во комисијата, во согласност со деловникот.
Утре на пладне ќе продолжи координацијата со екс-претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




