Спасовски: Празниците ќе ги поминеме дома, продолжен полициски час на целата територија
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Април, 2020
Премиерот Оливер Спасовски денеска на прес-конференција соопшти дека е донесена одлука за продолжување на полицискиот час на цела држава.
Од 16 часот до 5 часот наредниот ден нема движење.
За време на викендот нема движење од петокот до понеделникот на територија на цела држава.
Построги мерки има за старите над 67 години и за младите до 18 години.
Се забранува движење во групи, освен за родители со деца.
„За земјоделските активности дозволиво е движењето во атарот на селата исклучиво за работни потреби“, рече Спасовски.
Ова стапува на сила од среда.
Празниците граѓаните ќе мора да ги поминат дома.
Спасовски изјави дека за жал некои наши граѓани ја изгубија битката со коронавирусот.
Вели дека секој од нас би сакал да знае кога ова ќе заврши, но тоа е нешто за што ниту во светот немаат одговор.
Очекува дека за две до три недели ќе го имаме пикот, со 2.000 до 2.500 потврдени случаи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.