Спасовски ветува: Секој буџетски денар на увид на граѓаните
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2016
Генералниот секретар на опозицијата и Оливер Спасовски од Охрид ветува дека секој буџетски денар ќе биде ставен на увид на граѓаните.
Сите граѓани ќе имаат точни и редовни информации во кои проекти се вложуваат нивните пари кои се слеваат во буџетот на РМ, а институциите ќе имаат обврска да објавуваат детални месечни извештаи за сите исплатени пари од Буџетот.
Ветување и дека секој граѓанин ќе биде контролор над власта.
Сите овие податоци ќе стојат на веб страницата на Министерството за финансии.
„Нема повеќе привилегирани политичари кои трошат ваши пари за лично богатење, како сега и при тоа не понесуваат никaква одговорност“, изјави Спасовски со ветување дека новата влада ќе работи исклучиво во служба на граѓаните.