19 Декември, 2025
0.0418

Спасовски: Жално е што ДКСК со постапките покажува дека нема капацитет да биде нешто повеќе од партиска инсталација

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2016 16:16

Добивај вести на Viber

Единствените решенија за распоредување на вработени во МВР  што ги имам донесено како министер за внатрешни работи се согласно  член 44 став 4 и 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија кои предвидуваат дека министерот може да изврши најмногу 15 разрешувања или распоредувања на пониско или повисоко место на носител на раководна позиција во Министерството и хоризонтални распоредувања, на вработени кои се на негов предлог во бројката до 10% од бројот на хоризонтални распоредувања базирани на просекот на овие распоредувања во 2013 и 2014 година, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес конференција.  

-Нагласувам дека  сите овие решенија за  распоредување  на работниците на конкретни работни места во Министерството се донесени пред денот на донесување на Одлуката за распишување на избори за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија. Од друга страна, заради  нормалното функционирање на Министерството за внатрешни работи и поради недостаток на работници во одредени организациски единици во МВР, после  денот на донесување Одлука за распишување на избори за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија се донесени  Наредби со кои определени работници се задолжуваат  да извршуваат работи и задачи  од конкретни работни места каде се појавува недостаток од полициски кадар, за ограничен временски период од 30 дена. Наредбите не претставуваат Решенија за распоредување и тоа е исклучиво законско право на Министерот за внатрешни работи регулирано со член 153 и 154 од Законот за внатрешни работи. Вакви наредби потпишувам секојдневно на предлог од директорот на БЈБ и за нив нема никаква реакција. Министерството за внатрешни работи е  еден од најголемите и најчувствителните државни органи со над 12 000 вработени и можете да замислите што ќе се случи доколку престанам да потпишувам акти со кои ќе се сопре тековното функционирање на органот- рече министерот Спасовски.

Тој истакна дека го почитува  Мислењето на Државната комисија за спречување на корупција бр. 42-6980/2 од 09.09.2016 година и Мислењето  бр. 12-4119/25 од 16.11.2016 година  доставено до Министерството за внатрешни работи  каде јасно  е наведено дека од денот на донесување на Одлука за распишување на избори до завршување на изборот на пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија постои законска пречка да се врши распоредување и унапредување на лица вработени во органите на државната управа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, јавните установи, независни регулаторни тела основани од државата, трговските друштва основани од државата и други институции основани од државата и други државни органи.

-Овие документи  од Државната  Комисија доследно се почитувани од МВР и по денот на донесување на Одлука за распишување на избори не е донесено ниту едно Решение за распоредување. Во тој контекст , категорично изјавувам дека со потпишувањето на овие акти со кои се обезбедува  нормалното тековно функционирање на министерстсвото  не сум повредил ниедна од насоките на Државната комисија за спречување на корупција содржани  во двата дописа добиени во Министерството, според  кои  не   постои пречка за издавање на наредби заради неопходно извршување на службените работи и задачи во сите државни органи, а со тоа вклучително и во МВР. Навистина е жално што ДКСК со ваквите постапки покажува дека нема капацитет да биде нешто повеќе од партиска инсталација  на Владата и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ- рече министерот Спасовски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки