20 Декември, 2025
0.0453

“Speedo” и “Samsung” разбрануваа со партнерство со цел спој од водечките индустриски способности за следење на пливањето преку уредите “Gear Fit2 Pro“ и “Gear Sport“

Објавено во: Мои пари 30 Август, 2017 19:43

Добивај вести на Viber

Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.)и Спидо Интернешнал(Speedo International Ltd.)им помагаат на пливачите ширум светот да ја следат својата активност со најдобрата во својата класа – пливачката платформа на Спидо – Спидо Он (Speedo On). Апликацијата за следење на пливањето, Спидо Он, ќе биде дел од најновите Самсунг Гиар Спорт и Гиар Фит2 Про. Двата уреди се сертифициранисо5 ATM сертификат за водоотпорност на длабочина до 50 метри. Со инстантен пристап до апликацијата, Гиар Спорт и Гиар Фит2 Про се идеални придружници во пливањето.

Samsung Gear Fit2 Pro во партнерство со Speedo

Спидо он - апликацијата за следење на клучните пливачки метрики, вклучувајќи и број на кругови, времетраење на кругови и отчукувања на срцето овозможува едноставно следење и инкорпорирање на пливачките постигнувања со личните фитнес цели. Во пар со два нови уреди, корисниците имаат можност да одберат онаква опција каква што повеќе им одговара и ја надополнува нивната активност додека се во вода. Гиар Спорт е елегантен и стилски “паметен’ рачен часовник со премиум карактеристики, додека Гиар Фит2 Про е целосно нова ергономска фитнес алка која континуирано го прикажува мониторирањето на срцевото отчукување и GPS следењето. Податоците од апликацијата се исто така компитабилни со апликацијата Samsung Health, сеопфатната платформа на Самсунг за следење на фитнес активностите, се со цел да овозможат поголема слика за здравјето и добросостојбата на корисниците.

Новиот Самсунг Гиар Фит2 Про ја има Спидо Он апликацијата за следење на пливањето и истата е инсталирана претходно, што е овозможено од експертски развиениот алгоритам на Спидо за оптимална точност и беспрекорен пренос на податоците на Спидо Он платформата базирана на веб страна. Развиен за фитнес пливачите кои се водат од постигнатите резултати, интерактивната платформа за следење на пливањето игра улога на сеопфатен партнер за тренирање. Спидо Он обезбедува анализа на пливањето и води сметка за напредокот во споредба со поставената фитнес цел, заедно со дополнителни програми за тренирање, совети и инструкции прилагодени на корисникот, развиени од дел од најдобрите тренери и атлети на светско ниво. Спидо Он исто така додава социјална димензија на пливањето, овозможувајќи следење на други пливачи, учество во предизвици и споделување на постигнувања. На двата Самсунг Гиар Спорт и Гиар Фит2 Про, апликацијата им овозможува на пливачите да ги завршат временски ограничените предизвици, и да го добијат својот “SWOLF“ скор (мерка за ефикасност  во пливањето).

НашитеГиар корисници беа во потрага за поводоотпорни продукти, и со партнерството со Спидо и уредите Гиар Спорт и Гиар Фит2 Про го развиваме најдоброто искуство кое ќе може да го доживеат за да ги оствариме нивните барања.“ – изјави Кисеон Ким, Заменик Претседател на Стратешки Тим за Уреди за носење во Бизнис со Мобилна Комуникација, Самсунг Електроникс. “Гледајќи да ги пресретнеме потребите на корисниците кои константно се менуваат и нивната желба да ги следат своите активности и факторите кои влијаат на нивната добросостојба – возбудени сме да им ги овозможиме овие уникатни можности на оние корисници кои обожаваат да бидат во вода.

Спидо е посветен на тоа да инспирира се поголем број на луѓе да влезат во базен и да ги постигнат нивните фитнес цели. Нашата соработка со Самсунг е прва од овој вид и е најдобрата комбинација од технологиската иновација на Самсунг и пливачката експертиза на Спидо за овозможување на на целосно ново ниво на следење на активностите на пливачите фокусирани на фитнесот. Возбудени сме за она што можеме заедно да го постигнеме во базен.” – изјави Роб Хикинг(Rob Hicking), Бренд Директор во Спидо Интернешнал .


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии