18 Декември, 2025
0.0915

СПИЕ ПЕТ ЧАСА ДНЕВНО, МИНИСТЕР Е ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ И ПОДГОТВУВА МАГИСТЕРСКА: Тошковски магистратурата ја пишува за „Сејф сити“

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2025 07:00

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е магистранд на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ. Неговиот магистерски труд се занимава со „Криминолошки и компаративни аспекти за унапредување на безбедноста во јавниот сообраќај“, тема тесно поврзана со проектите „Безбеден град“ и „Безбедна држава“ кои треба да профункционираат од 1 јануари 2026 година.

Тој за „360 Степени“ рече дека тоа не претставува злоупотреба на јавната функција за приватни цели, Тошковски одговара дека не. Тој објасни дека магистерската теза е негов личен труд, кој се базира на јавно достапни податоци, компаративни анализи и неговото професионално искуство како адвокат и како вработен во Министерството за транспорт и врски.

На прашањето кога наоѓа време за активностите поврзани со магистратурата и за полагање испити, тој одговори дека спие само пет часа дневно.

„Сите што ме знаат, знаат дека спијам пет часа. Кога не сум болен. Кога сум болен спијам и по 20. Кога не сум болен, спијам пет часа. Тоа е, таков ми е биоритамот. И дали вложувам во ова цел свој живот? Да. Дали сум имал идеја пред ова на што да магистрирам и да дадам додадена вредност од себеси, од аспект на моите професионални знаења? Не. Сега добив идеја и инспирација да магистрирам на тема што лично ме повредува. Не знам како да ви кажам, едноставно не можам да ја прифатам бројката на 142 жртви секоја година што ги имаме во Македонија“, рече тој.

Министерот потенцира дека магистерската работа има практична имплементација и додава вредност, бидејќи ги вклучува проектите што се реализираат во рамки на ресорот. Тој нагласува дека не користи податоци кои не се јавни и оти целата котизација за студиите ја покрива од лични средства.



Можеби ќе ве интересира

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив