16 Декември, 2025
0.0430

„Spiegel“: Грција ќе бара од Русија поевтин природен гас

Објавено во: Балкан 30 Март, 2015 13:36

Добивај вести на Viber

Грчки политичари планираат да побараат од Русија економска помош во својата официјална посета на Москва, соопшти германското списание „Spiegel“.

„Грција очајно се бори против банкрот. Поради тоа што преговорите со спонзорите се запрени, Атина сега бара поддршка од Русија. Во Брисел и Берлин ги набљудуваат обидите за зближување со недоверба“- пишува весникот.

Според податоците на „Spiegel“, владата на Алексис Ципрас ќе се помоли за намалување на цената на природниот гас и за одземање на руското ембарго за некои грчки производи, главно на свежо овошје.

Се очекува министерот за енергија, Панајотис Лафазанис да ја обелодени оваа молба за време на посетата на Москва на 30-31 март.

Лафазанис им објаснил на „Spiegel“ колку важна за неговата земја е оваа посета. „Ние сакаме да ги продлабочиме нашите односи со Русија во областа на енергетиката и се надеваме дека ќе го добиеме од тоа значителна корист“ - изјавил тој.

ЕУ е загрижена од фактот дека многумина од претставниците на грчката влада се чувствуваат се „поблиску до Москва, отколку до Брисел“, забележува „Spiegel“. Вознемиреноста е поврзана со претпоставката дека Владимир Путин може да го зголеми своето влијание во Југоисточна Европа.

Брисел веќе го обjaви одбивањето на Грција да и обезбеди кредит од 1,2 милијарди евра. Непосредно пред заминувањето за Москва министерот Лафазанис даде интервју во кое ЕУ ја нарече „безсвестен империалист“, кој се стреми да ја задуши Грција.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас има намера да ја посети Москва на 8 април. Тогаш Ципрас планира да се сретне со Путин.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството