СПОМЕН КУЌА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ: Пандемијата не спречи илјадници луѓе да го посетат музејот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Октомври, 2020 07:01
Иако оваа година се соочуваме со пандемијата на коронавирусот, која донесе рестрикции во движењето, сепак илјадници обожаватели на ликот и делото на мега ѕвездата Тоше Проески ја посетија Спомен куќата во Крушево.
И покрај ограничувањата за патување, во овој музеј за три месеци имало над 6.000 посетители, а досега установата откако е отворена примила над 600.000 туристи, домашни и странски.
„Со донесувањето на Протоколот за работа на музеи на 03 јули 2020 година од страна на Владата, Спомен - куќа на Тодор Проески беше отворена за посетители од 07 јули 2020 година. Во услови на пандемија на наше големо изненадување, музејот е доста посетен. Во период од три месеци Спомен куќата ја посетија околу 6.500 посетители. Со оглед на фактот што границите се затворени, посетителите се од нашата држава, но во изминатиот период од постоењето најмногу посетители има од балканските земји. Над 650.000 посетители ја посетиле Спомен - куќата на Тоше, од кои 30 проценти се странски посетители“, објаснуваат од Спомен куќата на Тоше Проески.
Секоја година го одбележуваат 16 октомври, денот кога загина Проески во Хрватска, како и други јубилејни датуми поврзани со животот на пејачот.
„Оваа година со оглед на глобалната ситуација и мерките за безбедност каде акцентот пред се се става на здравјето на граѓаните, датумот на трагичниот настан ќе го одбележиме во рамките на дозволените параметри со посебно внимание на мерките. Дочек на маратонците и кавадаречките топчаџии, полаѓање на цвеќе како и уважување на претставници од локални и државни институции, како и неговите верни обожаватели, фанови и поддржувачи на неговиот лик и дело. Музејската поставка традиционално се менува на денот на неговиот роденден и денот кога се случи немилиот настан“, додаваат од Спомен куќата.
Но, има и луѓе кои планирале да ја посетат Македонија, да дојдат во Крушево, но поради пандемијата се спречени во својата намера. Таков е случајот со Сузана Геворгиан од Ерменија. Оваа девојка на балкански тв канал го слунала прв пат Проески, но не знаела дека пејачот е загинат. Потоа почнала да ја истражува неговата неговата биографија, и вели дека ја сака македонската музика затоа што смета дека е полна со емоции.
„Мислам дека за неговата возраст беше полн со мудрост и трпеливост, a тоа не е вообичаена работа. Можам да кажам дека тој беше толку реален и неверојатнo добар за нашиот понекогаш суров свет. Ако има вистински херои, тој мора да биде еден од нив“, рече Геворгиан.
Пред пандемијата музејот го посетуваа и многу обожавели на Проески од екс југословенските простори. Спомен куќата на Тодор Проески во Крушево постои од 2011 година.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“
КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања
АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?
ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила
ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините




