Според ДИК ќе гласаат 1.783.715 гласачи во шест изборни единици
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2016
1.783.715 лица ќе го искористат своето право на глас на претсојните парламентарни избори закажани за 11 ноември. Ова го соопшти денеска Државната изборна комисија според чии податоци ќе се гласа во шест изборни единици.
Од 1.783.715, вкупно 297.109 се во Изборната единица (ИЕ)1, 307.675 се во ИЕ 2, 282.885 се во ИЕ 3, 285.628 се во ИЕ 4, 296.322 се во ИЕ5 и во 314.096 се регистрирани во Изборната единица 6.
Проверка на своите податоци во Избирачкиот список може да направи секој до 11 ноември.
Додека пак на 21 ноември ДИК треба да го заклучи списокот, а веќе на 1 декември тој да го потпише.
Од ДИК апелираат граѓаните кои што нема да се пронајдат по име , премзиме, ЕМБГ во Избирачкиот список, податоците да си ги проверат во Листата на граѓани лии што записи останале спорни, односно за кои има несофпаѓање на податоците.
Доколку се пронајдете во листата на спорни гласачи ќе може да се пријавите во ДИК во текот на Јавниот увид во ИС кој трае 15 дена.
Во тек е и пријавувањето на гласачите од дијаспората односно граѓаните кои се на привремена работа или престој во странство.
Доколку и вие сте во странство во моментов, а сакате да се пријавите за гласање на изборите во декември тоа може да го направите тука.