Sport Reality – успешна приказна!
Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2018 08:54
Sport Reality
својата успешна приказна ја започна пред неполни две години со отворањето на
првата продавница во Градскиот Трговски Центар во Скопје, кога за прв пат на
потрошувачите им беше претставен концепт прилагоден на урбаните потреби за
спортски комфор по „паметна“ цена. Селекцијата понудени модели на Nike, Adidas,
New Balance, Reebok…ја потврдува филозофијата на компанијата „најдобра цена за
најдобар квалитет“. Истовремено оригиналните брендови Cocomo, Slazinger, Athletic,
Just to be cool, Navigare и LOTTO им се нудат на потрошувачите ексклузивно во
Sport Reality.

Во следниот период се отворија уште 8 продавници; уште една во Скопје (Веро Џамбо), две во Тетово (на плоштад и во ТЦ Палма Мол), потоа во Велес - до судот, во градската чаршија во Прилеп, Кочани веднаш до поштата, кај познатиот Чинар во Охрид, и во центарот на Струга во коплексот Рамо 2. По одличниот прием кај потрошувачите, ланецот успешно одговори на нивните барања и ја прошири својата мрежа низ Македонија за релативно кратко време.
Запрашани што го прави Sport Reality различен од останатите спортски продавници и на што се должи успехот, убедувањето на менаџментот е „тоа што секогаш сте сигурни дека купувате по најдобри цени, затоа што покрај добрата цена секогаш има дополнителни акции, промоции и други поволности за нашите потрошувачи, затоа што меѓу внимателно одбраните модели сигурно ќе пронајдете облека или обувки без разлика дали сте спортист, рекреативец или удобноста на спортскиот стил е ваше секојдневие.”
Сигурно веќе и вие добро ги познавате, и можеме да се сложиме дека навистина е паметен избор за спортски шопинг.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




