Спречен шверц на 4 килограми сребрен накит во земјава
Објавено во: Мои пари 01 Мај, 2013 19:05
Спречен обид за криумчарење на повеќе од 4 килограми сребрен накит на граничниот премин Богородица. Според соопштението од Царинската управа, вчера во 17 часот во патничко моторно возило со српски регистарски таблички, откако возачот кој патувал со фамилијата изјавил дека нема ништо за пријавување, по контрола на возилото бил најден накитот.
Дел од среброто било скриено под потпирачот за рака меѓу двете предни седишта, дел околу менувачот, во просторот под пепелникот, во џебовите од јакна оставена на задното седиште, во патна торба во багажниот простор. При личниот претрес на возачот во предните џебови од панталоните и околу вратот под блузата, биле пронајдени вкупно 4.210 грама сребро односно 222 прстени, 140 пара обетки, 160 привезоци, 61 нараквица, 71 синџирче, 4 алки и друго.Накитот е привремено задржан, а против сторителите е покрената кривична постапка.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





