Добивај вести на Viber
Популарниот грчки бренд за облека Sprider ги затвори сите свои продавници и остави без работа околу 800 вработени, пишува грчкиот весник “Екатимерини”.
Во јануари, компанијата поднела барање за заштита од доверителите. Долговите на Sprider изнесуваат 90 милиони евра, но од менаџментот на синџирот продавници најавија дека ќе се разделат со голем дел од средствата на компанијата, за да можат отпуштените службеници да добијат целосен надомест.
Како причина за банкротот се истакнува одбивањето на банките да продолжат со кредитирање. Компанијата имаше продажба во Грција, Романија, Бугарија, Кипар, Србија и Полска, а до пред неколку години и во Македонија.
Во 2009 година, сепак кризата го погоди Sprider и компанијата беше принудена да затвори повеќе од половина продавници и да ја прекине работата во Романија, Кипар, Полска и Србија.