20 Декември, 2025
0.0537

„СРАМ СТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА И ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ“: Мицкоски за СДСМ

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2025 06:00

Добивај вести на Viber

Ние како народ и земја ја имаме таа судбина да ги имаме тие неправди, но барем се виде дека никогаш целта не била Бугари во устав туку бришење на јазикот и удирање по идентитетот. Бугарија е разголена, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашната тррибина во Куманово ,,Од енергетска стабилност до силна економија“ во Куманово. 

Но, како што нагласи, „Македонија за разлика од порано кога со црвени килиими ги дочекуваа предаствата, сега покажа карактер“.

- Ќе остане запишано и за век и векови запомнето дека европскиот извештај со македонски идентитет и македонски јазик помина на АФЕТ, на Комитетот за надворешна политика при Европскиот парламент и денеска пред да се донесе оној срамен амандман, се најде на масата на сите европратеници коишто гласаа во рамките на Европскиот парламент. За прв пат во независна Македонија, истакна Мицкоски

Тој ја обвини опозицијата дека се сити на неправдите и ударите што се нанесуваат на народот и државата. 

- Додека ние градиме, опозицијата гледаме дека е целосно безидејна и не е алтернатива. Тие се ситат на секој удар и секоја неправда која ни се нанесува. Погледнете го случајот со усвојувањето на амандманите на извештајот во Европскиот парламент каде се брише македонскиот јазик и идентитет од тој извештај. Едвај чекаа да излезат и се израдуваат на тој чекор на Бугарија. Но, имам само една порака со СДС и опозицијата кои не чекаа ни завршување на седницата на европскиот парламент и почнаа да критикуваат. Само една порака-срам да ви е!, порача Мицкоски.

Истакна дека немаше да бидеме во ваква ситуација, ако претходната власт водела сметка за националните интереси, наместо да се однесува понизно, снисходливо и коруптивно, оценувајќи дека нивната политика била предавство на македонскиот народ и на Македонија. 

Мицкоски нагласи дека СДС и ДУИ не ја зборуваа вистината пред македонските граѓани, и дека тоа го претставуваа само како една мала интервенција која треба да се направи во Уставот.

- Да не беше прифаќањето на оној последен предлог, со којшто лажевте и не ја говоревте вистината пред македонските граѓаните и  македонскиот народ, дека е обезбеден и македонскиот идентитет и македонскиот јазик, дека се обезбедени стратешките приоритети, дека само треба една мала интервенција да направиме во Уставот и тука завршува се, наеднаш млеко ќе почне да тече по улиците и мед, ние немаше да бидеме во ваква ситуација денес. Тоа беше најголемата лага којашто за догледно време ги затвори вратите во Европа, за македонскиот народ и за македонски граѓани. Тоа е суштината која што тие ја направија. Тоа е болката која што тие му ја нанесоа на македонскиот народ и на македонските граѓани. Тие нема да заборават и многу скоро од денеска, за неколку месеци, на избори ќе им кажат дека понекогаш државотворната СДСМ останува само една обична маргинална политичка партија која што набргу заминува во историјата, истакна Мицкоски.

Забележа дека „СДС лажеа за европско здравство и преку кампањски песни за Европа“, а кажа дека направиле и измами со референдумското прашање за ЕУ, што, како што наведе, е срамна историја.

- Ги памети народот вашите кампањи, вашите кампањски песни за Европа, вашите билборди за бесплатно здравство дека ќе имаме во Европа, измамите со референдумското прашање за ЕУ,  ако се изгласа референдумот ќе влеземе во ЕУ, а не само во НАТО“, истакна Мицкоски.

Додаде и дека народот добро се сеќава на нивните фотографии од авионот, за кои тие се обидуваа да создадат лажна  слика во јавноста дека ги почнуваат преговорите, за што во моментов се видливи последиците.

- Помни народот и за фотографиите од авиончето со пораки дека сме ги почнале преговорите. Памети народот како го лажевте и вие од СДСМ и ДУИ и Стево Пендаровски, кога излегоа и го прифатија последниот предлог во кој сега нашата Македонија има опција. Или народот да се откаже од својот идентитет под уцени од Бугарија, или нема придвижување кон ЕУ. Таа е таа реална и болна вистина која што за жал ние ја живееме. Се навлековте заедно со ДУИ, седнавте во скут затоа што бевте корумпирани и ве држеа со уцени и низ заеднички зделки во сите сектори во државата, се продадовте. Затоа ќе ја повторам мојата порака: Срам сте за Македонија и за македонските граѓани“.

Тој упати и порака за обединување околу националните интереси.

- Сфатете веќе еднаш, ако не сме обединети ќе не прегазат ќе не обезличат како што веќе прават. И јас ги поздравувам оние струи во опозицијата кои сакаат да соработуваат во интерес на државните интереси и во мене сите кои се подготвени да работат со нас на овие цели секогаш ќе имаат пријател и сојузник, порача Мицкоски од трибината во Куманово.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки