Србија денес има скоро 3.000 заболени од коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 22 Февруари, 2021
Во Србија има скоро 3.000 заразени со коронавирусот.
Евидентирани се 2.956 пациенти инфицирани од коронавирусот. Направени се 12.054 тестови, а починале 14 пациенти. На респираторна машина има приклучено 153 пациенти. Стапката на смртност во моментов е 0,99 проценти. Србија има на располагање повеќе вакцини и добро напредува во процесот на имунизација. Но, се смета дека опуштањето на населнието доведе до раст на бројот на заболени.
Србија наскоро ќе биде прва во Европа според бројот на вакцинациите, а во моментов е на врвот на листата по број на ревакцинирани граѓани.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.