Добивај вести на Viber
Јавните сервиси, Радио телевизија Србија и Радио телевизија Војводина, во наредните две години, ќе се финансираат од буџетот на државата, објави денеска српскиот помошник-министер за култура и информирање, Драган Коларевиќ, пренесува телевизија „Пинк“.
- Станува збор за два закона, законот за електронски медиуми и законот за јавни медиумски сервиси. Јавни медиумски сервиси се РТС и РТВ. Поради актуелната економска ситуација, донесена е одлука финансирањето да биде од буџетот. По две години, ќе се пронајде метод за финансирање кој би требало да биде во вид на претплата или надомест – изјавил Коларевиќ.