05 Декември, 2025
0.0320

Србија: Две третини од испитаното млеко е токсично, афлатоксинот над 0,05 микрограми

Објавено во: Агробизнис 07 Март, 2013 10:05

Добивај вести на Viber

Резултатите од анализите на млекото од Србија изработени во холандска лабораторија покажуваат дека речиси 70% од примероците од испратеното млеко е токсично, односно ја надминуваат границата од 0,05 микгрограми на килограм (мг/кг) Во соопштението од српското Министерството за земјоделство се наведува дека ниту еден примерок на млекото не содржи афлатоксин М1 во вредност поголема од дозволената во Србија. Лабораторијата утврдила дека 31,25 отсто примероци од испратеното млеко не ја надминуваат границата која ја поставила ЕУ. Дозволената граница на афлатоксин во млекото во ЕУ е 0,05 мг/кг, додека Србија неодамна ги врати нивоата дозволени до пред две години од 0,5. Министерството за земјоделство вчера го прими извештајот од лабораторијата РИКИЛТ Вагенинген од Холандија за присуство на афлатоксин М1 во 48 примероци од млеко кои по налог на инспекцијата е повлечено од рафтовите на продавниците во Србија на 19 февруари 2013. Според увидот во извештајот од лабораторијата, кој е поставен на сајтот на Министерството за земјоделство, два примерока ја надминале границата од 0,5 мг/кг афлатоксин по килограм. Од лабораторијата појаснуваат дека доколку се земе предвид стапката на отстапување од 29 отсто, ниту еден примерок не го надминува дозволеното ниво во Србија. Производните серии на млекото за кои со оваа анализа е утврдено дека одговараат на стандардите на ЕУ ќе бидат вратени во продажба, додека останатите ќе бидат уништени во согласност со законот, се наведува на сајтот на српското Министерство за земјоделство

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?