Србија е лидер во Европа по бројот на вакцинирани граѓани
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 31 Јануари, 2021
Соседна Србија е лидер во Европа по бројот на вакцинирани граѓани.
Ако се земе в предвид просекот во последната недела, Србија е прва во Европа, и трета во светот според бројот на вакцинирани граѓани на 100 жители. Ова го покажуваат податоците објавени на веб-страницата „Our world in data“ на Универзитетот Оксфорд. Според овие податоци, само Израел и САД се пред Србија во светот. Србите имаат на располагање неколку видови вакцини.
foto freepik