19 Декември, 2025
0.0361

Србија е меѓу десетте најголеми купувачи на злато - одговор на глобалната неизвесност

Објавено во: Економија 15 Јули, 2025 18:48

Добивај вести на Viber

Во првите пет месеци од оваа година, Србија беше меѓу десетте земји што купија најмногу злато за резервни цели, според новите податоци од Светскиот совет за злато.

Купени се 1,7 тони злато и со тоа Србија се најде меѓу првите 10 на светската листа. Интересно е и тоа што меѓу 163 земји, Србија е единствената земја што ексклузивно купува злато од 2011 година.

Брокерот Бранислав Јоргиќ наведува дека резервите на Народната банка на Србија изнесуваат околу 29 милијарди евра, а во тие рамки има околу 50 тони злато, што е околу 4,3 милијарди.

„Резервите се практично на маргините, тие не влијаат директно толку многу врз економијата, но би можеле да имаат индиректен ефект во смисла дека Народната банка на Србија има право на првенствено одбивање да купи злато кое се ископува и преработува во Бор“, објасни Јоргиќ.

На прашањето зошто земјите чуваат девизни резерви во злато, Јоргиќ истакнува дека Србија моментално е во политичка и економска нестабилност и дека златото се купува во такви ситуации за да се добие одредена стабилност и безбедност во структурата на девизните резерви, пренесува РТС.

Инвеститорите во светот купуваат и сребро и затоа неговата цена расте. Вака висока цена среброто немало скоро 14 години. 

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар