Добивај вести на Viber
Српското министерство за финансии ја објави петтата емисија на обврзници на меѓународниот финансиски пазар во вредност од една милијарда американски долари, со купон од 5,875 отсто и рок на достасување од пет години.
Приносот кој што бил остварен од износот на таа аукција изнесува 6,125 отсто, а еврообврзницата Србија 2018. привлекла внимание на повеќе од 140 глобални инвеститори.
Побарувачката е пет пати поголема од иницијално планираниот износ на емисијата која државата ја понуди продажбата, а повеќе од два пати е над реализираниот износ на емисијата.
Најмногу инвеститори имало од САД, Велика Британија, Данска и други европски земји.
Оваа продажба на еврообврзницата е објавена во рамки на планираните активности на Владата на Србија за обезбедување на средства од кои се финансира државниот буџет за оваа и следната година.