26 Мај, 2024
0.0279

Србија ги отвора првите две поглавја од преговорите со ЕУ

Објавено во: Балкан 14 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

По речиси две години од официјалното започнување на преговорите со Европската унија (ЕУ) Србија денес ги отвора првите две од вкупно 35 поглавја во преговорите за членство во Унијата, објавија српските медиуми.

На меѓувладина конференција вечерва во Брисел ќе бидат отворени Глава 35 за нормализација на односите со Приштина и глава 32, која се однесува на финансиската контрола. Претстои Србија и ЕУ да ги разменат преговарачите позиции. Извори од Брисел потврдија за српската агенција "Бета" дека амбасадорите на земјите членки на ЕУ целосно ги усогласиле позициите за овие две поглавја.

Постапката на преговорите со Србија личи на онаа која се применува за Црна Гора, со оглед на тоа дека за овие две земји е воведено правилото, според кое главите 23 и 24 за правда, безбедност и човекови права да бидат отворени меѓу првите и да се затворат последни, а евентуален неуспех во овие поглавја може да влиаје врз целиот тек на преговори.

Ситуацијата за Србија е уште поконкретна, бидејќи во Глава 35 се следи нормализирањето на односите со Приштина, што за земјата има исто значење како и главите 23 и 24. Овие поглавја пак според очекувањата во Белград и Брисел треба да бидат отворени во првата половина на 2016 година.

Српскиот премиер Александар Вучиќ и шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, во пресрет на отворањето на првите глави изјавија дека српската страна е "апсолутно подготвена" и сака да ги заврши преговорите до крајот на 2019-та година.

Српските медиуми коментираат дека е тешко да се предвиди колку ќе продолжат преговорите, бидејќи тоа зависи првенствено од желбата на самата држава и усогласување на законодавството со она на ЕУ. Освен тоа важна улога игра и брзината на исполнувањето на поставените услови за отворање или затворање на поглавја, но и од можни билатерални спорови помеѓу некои членки на ЕУ, кои би можеле да ги блокираат преговорите, бидејќи за секој нов чекор решаваат сите членки на Унијата.

Преговорите за најмладата членка на ЕУ Хрватска продолжија шест години, а Црна Гора започна преговори во 2012 година.

До сега Подгорица отворила 20 поглавја и условно затвори две од вкупно 35 поглавја. Првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Србија, со која започна преговарачкиот процес, се одржа пред две години на 21 јануари 2014 година во Брисел.

Можеби ќе ве интересира

ДРАМА НА ЛЕТОТ ЗА СПЛИТ: Млад маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина, а потоа се заклучил во тоалетот

ДРАМА НА ЛЕТОТ ЗА СПЛИТ: Млад маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина, а потоа се заклучил во тоалетот

КАКО СЕ СЛАВЕШЕ НЕКОГАШ ДЕНОТ НА МЛАДОСТА: Се славеше младоста, убавината, изградбата на социјализмот, достигнувањата на НОБ, а најмногу самиот Јосип Броз Тито

КАКО СЕ СЛАВЕШЕ НЕКОГАШ ДЕНОТ НА МЛАДОСТА: Се славеше младоста, убавината, изградбата на социјализмот, достигнувањата на НОБ, а најмногу самиот Јосип Броз Тито

АКО САКАТЕ ДА РАБОТИТЕ ВО ГРЦИЈА, ЕВЕ КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ: Минималецот е 830 евра

АКО САКАТЕ ДА РАБОТИТЕ ВО ГРЦИЈА, ЕВЕ КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ: Минималецот е 830 евра

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ НА ПАЗАРИТЕ И МАРКЕТИТЕ ВО СОЛУН: Некои производи поевтини отколку кај нас!

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ НА ПАЗАРИТЕ И МАРКЕТИТЕ ВО СОЛУН: Некои производи поевтини отколку кај нас!

„ЌЕ ИМАМЕ СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ, А СО НИВ И ТОРНАДА“: Директорот на српската УХМР објасни какви катастрофи можат да бидат погубни во Србија

„ЌЕ ИМАМЕ СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ, А СО НИВ И ТОРНАДА“: Директорот на српската УХМР објасни какви катастрофи можат да бидат погубни во Србија

Стотици луѓе спијат пред Острог поради оваа чудесна причина: Верниците опишуваат неверојатни искуства од посетата на овој манастир

Стотици луѓе спијат пред Острог поради оваа чудесна причина: Верниците опишуваат неверојатни искуства од посетата на овој манастир

„176 ТЕЛА ПАЃАА ОД НЕБОТО КАКО ДОЖД“: Два авиони во лет се судрија над Загреб, ова никогаш не се заборава

„176 ТЕЛА ПАЃАА ОД НЕБОТО КАКО ДОЖД“: Два авиони во лет се судрија над Загреб, ова никогаш не се заборава

БУРЕКЏИИТЕ СЕ ПЛАТЕНИ ПОВЕЌЕ ОД ХИРУРЗИТЕ: Плата и 100.000 денари, а работници нема

БУРЕКЏИИТЕ СЕ ПЛАТЕНИ ПОВЕЌЕ ОД ХИРУРЗИТЕ: Плата и 100.000 денари, а работници нема

КАКО РАБОТНИЦИТЕ ВО ФАБРИКИТЕ НА СФРЈ НАВИСТИНА ЗЕМАА СТАНОВИ И КОЈ МАМЕШЕ: Еве што се случи со работниците, што се случи со менаџерите

КАКО РАБОТНИЦИТЕ ВО ФАБРИКИТЕ НА СФРЈ НАВИСТИНА ЗЕМАА СТАНОВИ И КОЈ МАМЕШЕ: Еве што се случи со работниците, што се случи со менаџерите