17 Јули, 2025
0.0324

СРБИЈА ГО БАРА: Екс припадникот на ОВК Блерим Рамадани e пуштен во домашен притвор

Објавено во: Македонија 01 Август, 2024 15:16

Добивај вести на Viber

Екс припадникот на ОВК Блерим Рамадани, баран од Србија за екстрадиција, денеска е пуштен од притвор од Затворот Скопје. Косовскиот граѓанин според решението, е упатен во домашен притвор на адреса во Скопје. Пуштањето на Рамадани се случува само еден ден по официјалната посета на министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечла на Скопје.

„Ние сме подготвени да разговараме и да работиме и како две соседни земји и како две пријателски земји и нема да дозволиме криминално барање на една трета земја која што нема ни законска основа, ниту законска основа во меѓународното право да го отежнува слободното движење на нашите граѓани”,изјави вчера косовскиот министер Свечла.

Поранешниот припадник беше приведен на граничниот премин Јажинце, на влез во Македонија, по распишаната потерница од Србија. Рамадани е на списокот со меѓународни потерници за припадниците на ОВК на Србија, осомничени за воени злосторства на Косово во периодот од 1997 до 1999 година.

Вицепремиерот и министер за еколонија, Изет Меџити синоќа повторно зборувал за случајот со поранешниот припадник на терористичката ОВК, Блерим Рамадани.  Во интервју за косовската телевизија „Т7“, Меџити изјавил дека „прават  што е можно побрзо за да го ослободат“.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО КОСОВО: Се тресеше и Скопје

ЗЕМЈОТРЕС ВО КОСОВО: Се тресеше и Скопје

ВО ЗИМА ДИШЕМЕ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Каква е состојбата во лето кога ќе пламнат пожарите?

ВО ЗИМА ДИШЕМЕ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Каква е состојбата во лето кога ќе пламнат пожарите?

„ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА СКОПЈЕ Е ЕПТЕН ФОКУСИРАНА САМО НА ОПШТИНА ЧАИР“: Дафина Стојановска вели дека таа игра туѓа политичка агенда, но го осуди насилството врз Арсовска

„ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА СКОПЈЕ Е ЕПТЕН ФОКУСИРАНА САМО НА ОПШТИНА ЧАИР“: Дафина Стојановска вели дека таа игра туѓа политичка агенда, но го осуди насилството врз Арсовска

НИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО НЕ ЗНАЕ КОЛКУ ЛЕКАРИ РАБОТАТ БЕЗ ЛИЦЕНЦА: „Ако еден се појавил ги има и во други градови“

НИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО НЕ ЗНАЕ КОЛКУ ЛЕКАРИ РАБОТАТ БЕЗ ЛИЦЕНЦА: „Ако еден се појавил ги има и во други градови“

АРСОВСКА МУ ВОЗВРАТИ НА МЕЏИТИ: „Ќе ви се сруши врз глава криминалов, буквално!“

АРСОВСКА МУ ВОЗВРАТИ НА МЕЏИТИ: „Ќе ви се сруши врз глава криминалов, буквално!“

БРЗ ПРОДОР НА ПОСВЕЖА ВОЗДУШНА МАСА ОД СЕВЕР: Очекувајте невреме

БРЗ ПРОДОР НА ПОСВЕЖА ВОЗДУШНА МАСА ОД СЕВЕР: Очекувајте невреме

Американската православна црква ја призна на МПЦ – Охридска архиепископија

Американската православна црква ја призна на МПЦ – Охридска архиепископија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна изградбата на најголемиот ветерен парк во регионот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна изградбата на најголемиот ветерен парк во регионот

Кубилиус: Неприфатливо е билатералните спорови да се користат за блокирање на пристапните преговори

Кубилиус: Неприфатливо е билатералните спорови да се користат за блокирање на пристапните преговори