Србија го менува правилникот за млеко, ја зголемува дозволената количина афлатоксини
Објавено во: Агробизнис 28 Февруари, 2013 18:31
Според последните информации кои доаѓаат од Србија во врска со аферата за канцерогеното млеко, српската Влада одлучи да го промени Правилникот за дозволената количина афлатоксини во млекото од сегашните 0,05 микрограми по килограм на 0,5 како што беше до пред две години.
Ова го потврди денеска министерот за земјоделство Горан Кнежевиќ, кој сепак посочи дека Владата добила мислење од сите надлежни установи, од Министерството за здравство, ВМА и Институтот Батут, дека нема штетни последици по здравјето, пренесе Танјуг.„Тие количини нема негативно да влијаат на здравјето на луѓето, а ќе овозможат извоз на млекото во две третини во светот, појасни Министерот.
Според него, носењето на нов правилник не било обврска на Србија, туку препишување на прописите на ЕУ и потсети дека тој стандард кој пропишува количина на афлатоксини од 0,5 микрограми по килограм го имаат Русија, САД, Бразил, Аргентина, Индија, Бугарија и уште некои земји.
Српскиот министер додаде дека секоја година меѓу 5 и 15 проценти пченка има зголемено ниво на афлатоксини, а дека минатата година поради сушата била исклучок.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





