05 Декември, 2025
0.0407

Србија го зголеми нивото на афлатоксинот, дали постои опасност за Македонија?

Објавено во: Агробизнис 18 Јули, 2014 08:17

Добивај вести на Viber

Новиот Правилник за присуство на афлатоксин донесен од страна на српското министерство за земјоделство ќе се применува само на територијата на Република Србија, велат од македонската Агенција за храна и ветеринарство. Уверуваат дека токму поради оваа одредба во земјава не постои опасност од влез на млеко со зголемено присутво на афлатоксин, односно над 0,05 микрограми колку што кај нас е законски пропишано. Според новите одредби во спрпскиот правилник, максималното дозволено ниво на афлатоксин М1 се зголемува од 0,05 на 0,25 микрограми на литар, односно пет пати повеќе од дозволените европски граници. Тамошните власти информираа дека корекциите се направени поради поплавите кои ќе се идеални за зголемено присуство на афлатоксин во пченката и млекото. Одлуката ја донесло Министерството за земјоделство и заштита на животната средина, во согласност со Министерството за здравство. Македонските надлежни институции уверуваат дека во земјава нема опасност од увоз на млеко со зголемено присуство на афлатоксин. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека на сила остануват засилените мерки за контрола при увоз, и дека секоја пратка која ќе содржи афлатоксин повеќе од законските пропишаните 0,05 микрограми, ќе биде вратена во земјата извозник или уништена. - Во Република Македонија се применува Правилникот за општите барања за безбедност на храната со кој максимално дозволеното ниво на афлатоксин М1 во млекото изнесува 0,05 микрограми. Правилникот е усогласен со европските стандарди кои се едни од најригорозните кога е безбедноста на храната во прашање и кои гарантираат високо ниво на заштита на потрошувачите. На сила останува и примената на засилените мерки за контрола на увозот на млеко од соседна Србија и од земјите од регионот со задолжително земање мостра и лабораториско испитување на присуство на афлатоксин на секоја пратка. Ваквата мерка е гаранција дека ниту една пратка со млеко и производи од млеко со потекло од соседна Србија или од неколкуте земји од регионов не може да се најде на македонскиот пазар доколку со задолжителните лабораториски испитувања не се потврди дека истата е безбедна, односно дека ги исполнува одредбите од Правилник, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарсво. Српските и босанските власти откако се повлекоа поплавите, најавија дека постои опасност од појава на афлатоксин во пченката и млекото и болести кај животните. Земјите од регионот важат за ризични подрачја,  кога станува збор за појава на афлатоксин во житариците и во млекото. Пред година и половина во огромни количини на пченка и на млеко од Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска, беше утврдено зголемено присуство на афлатоксин, односно над европските граници. Македонските власти тогаш ставија забрана за увоз на млеко и млечни производи кои содржат афлатоксин повеќе од дозволените 0,05 микрограми. Неколку пратки на млеко од овие земји беа вратени назад, а дел беа уништени, односно  воопшто не стигнаа до потрошувачите. Кон средината на мај годинава, српските власти го сменија правилникот за млеко и дозволеното ниво на афлатоксин кое беше 0,5 микрограми во килограм, го заменија со европското ниво од 0,05 микрограми. Но уште тогаш на ваквата одлука бурно реагираа тамошните земјоделци, според кои ваквиот праг нема да може да се исполни заради поплавите кои ја зафатија земјата. - Храната од увоз се контролира и е безбедна не само онаа што доаѓа од Србија туку и од Босна и Херцеговина и од Хрватска, односно оние региони кои беа погодени од поплавите.Мерката не е тргната односно е на сила година и половина, од причини што целиот регион важи за ризичен во однос на појавата на афлатоксин и ние се одлучивме мерката што тогаш ја воведовме да не ја повлечеме. Секоја пратка на млеко и млечни производи што влегува во земјава мора да биде задолжително испитана и стои во магацините додека не се добијат резултатите, изјави за Фактор неодамна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски. Аферата афлатоксин предизвика милионски штети не само во земјоделството, туку и во севкупната економија на земјите од регионот, кои се соочија со огромни финансиски загуби. Дел од млекарниците ја изгубија довербата кај потрошувачите, поради што им беше потребен голем период за повторно да ги придобијат потрошувачите и да го направат производството рентабилно. При контролите кои што во тој период ги воспсотави Агенцијатаза храна и ветеринарство, се добија резултати според кои млекото од македонските фармери и млекарници беше едно од ретките во регионот каде што не беше регистрирана зголемена концентрација на афлатоксин и успеа без проблеми да ја преброди кризата. Но Македонија е генерално увозно зависна од млеко, а со сопствено производство задоволува едвај две третини од потребите. Увозот на млеко и млечни производи континуирано расте, во 2012 тој изнесувал  35,8 милиони евра, за разлика од 2011 година кога Македонија увезла 33 милиони евра млеко и млечни производи, а истата ставка во 2010 година изнесувала 27 милиони евра. Најголем дел од млекото и млечните производи доаѓа од земјите од опкружувањето. Ј.С  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?