Србија и Црна Гора денеска ќе играат за прв пат меѓусебен фудбалски натпревар
Објавено во: Балкан 11 Октомври, 2018
За денеска е закажан првиот натпревар од третото коло од Лигата на нациите, а најголемо внимание на регионот го привлекува првиот фудбалски натпревар помеѓу Црна Гора и Србија (20.45).
Најдобрите фудбалери на овие две земји настапуваа заедно се до 2006-та под знамето на СР Југославија, односно до излегувањето на помалаата република од федерацијата преку референдум.
Од селекциите од Западен Балкан денеска ќе се одигра Косово, кое ќе биде домаќин на Малта во Лигата Д.