16 Декември, 2025
0.0762

Србија и Хрватска продолжуваат да се тужат, ама нема да се блокираат

Објавено во: Балкан 24 Февруари, 2014 21:18

Добивај вести на Viber

Србија и Хрватска нема да ги повлечат меѓусебните тужби за геноцид , но ќе им остават на судовите да ги решаваат прашањата од минатото, изјавија потпретседателите на владите на двете земји - Весна Пусиќ и Александар Вучиќ. Двајцата се согласиле дека тужбите не треба да ја оптоваруваат сегашноста и иднината на двете земји. Пусиќ престојуваше во посета на Белград само седум дена пред почетокот на процесот што двете земји го покренаа во Меѓународниот суд во Хаг. Според двајцата вице-премиери, односите мешу двете земји мора да се постават во реални и прагматични рамки. „Изнесувањето на доказите пред Меѓународниот суд во Хаг, кое ќе трае 4 недели, нема да биде пријатно, но претставниците на власта во Загреби во Белград треба да не дозволат таа атмосфера да се прелее на актуелните односи меѓу двете земји“, порача Пусиќ. „Не бегаме од одговорноста да ги пронајдеме оние кои вршеле злосторства, но повеќе податоци и траги немавме. Заради младите луѓе сметавме дека е погрешно да се влегува во таа постапка, но сега секој ќе го докажува своето во судница. Ние секако нема да молчиме и да чуваме аргументи, но тоа не треба да ги подига страстите во односите“, додаде Вучиќ. И двајцата се согласиле дека ниту пресудата од Хаг нема да стави точка на приказната за причините за воениот конфликт и да ја расветли во целост одговорноста за воените случувања, но политичарите се подготвени таа работа да им ја остават на историчарите.  

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството