СРБИЈА ИМА СКОРО 400 ЗАРАЗЕНИ: За Вучиќ ова е најтешкиот ден
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 25 Март, 2020
Расте бројот на заразени од коронавирусот во Србија.
Во Србија во изминативе 24 часа, од 245 новотестирани, позитивни на коронавирусот било 81 лице, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 384.
„Денес е далеку најтежок ден“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој рече дека за десетина дена ќе се тестираат околу 3000 луѓе дневно, поради што ќе се зголеми бројот на заразени лица.
„Но, ние мора да се соочиме со тоа и подобро е да се соочиме со тоа отколку да чекаме да дојде смртта по нас. Болниците секој ден се полнат, ќе има повеќе жртви бидејќи се повеќе луѓе се на респиратор“, вели Вучиќ.
Како што рече, подобро е да се обидеме да откриеме инфекција во рана фаза и со тоа да спасиме дел од нашите животи, но и да спречиме ширење на болеста на други.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.