19 Мај, 2024
0.0794

Србија ќе ги запира илегалните имигранти

Објавено во: Балкан 02 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Србија ќе преземе мерки за запирање на протокот на илегални имигранти кои ја минуваат нивната границата од Македонија, изјавил премиерот Александар Вучиќ.

Намерите на земјата биле јасни, набргу откако Унгарија, која регистрирала повеќе од 67 000 имигранти досега во 2015 година, одлучила да изгради ѕид со висина четири метри по 175-километарската граница со Србија. Овој потег беше осуден веднаш од Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

По средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта Вучиќ изјавил дека Србија се наоѓа пред огромен проблем со бегалската криза. Покрај тоа, тој изразил сомневање дека бегалците кон Западна Европа можат да бидат запрени.

Повеќе од 34 000 имигранти кои доаѓаат главно од Македонија и Бугарија, побарале засолниште во Србија оваа година. Во 2014 година бројот бил 16 500. Нема сепак официјални податоци за тоа колку вкупно луѓе ја преминуваат нелегално границата на земјата.

„Единствените сигурни броеви со кои располагаме, се оние на барателите на азил“, изјавил Радован Ѓуровиќ, директорот за миграција во Белград, Центар за заштита и помош за бегалци. „Само денес 160 лица го поминаа граничниот премин Пресево (на границата со Македонија), велејќи дека размислуваат да се засолнат во Србија“.

Унгарија е дел од Шенген зоната, што ја прави привлечна дестинација за десетици илјади имигранти кои доаѓаат во Европа од Блискиот Исток и Африка. Повеќето од нив потоа се движат кон богатиот западен дел на континентот.

Во четвртокот Австрија, Унгарија и Србија се свртија кон Европската унија со повик да се борат поактивно со сообраќајот и луѓето во регионот на Балканот, наместо да се фокусираат само на користените јужни канали.

„Гледаме на целото прашање со оградата како на начин за заштита на границите“, изјавил Орбан по средбата со Вучиќ.

Тој додал дека овој потег не е насочен против Србија, како и дека Унгарија ќе создаде контролни премини на границата со својот сосед.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс