Србија ќе ја произведува кинеската вакцина „Синофарм“
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 12 Јули, 2021
Србија потпиша меморандум за производство на кинеската вакцина „Синофарм“.
Премиерката Ана Брнабиќ денеска ги потврди најавите дека во Србија до крајот на годината ќе се произведува кинеската вакцина „Синофарм“ против коронавирусот. Таа потпиша меморандум за разбирање и соработката со партнерите од Кина и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за производство на вакцината.
„Ова е важен ден за Србија, но и за целиот регион затоа што ќе ја имаме вакцина овде, близу, ќе ни биде подостапна и ќе бидеме поподготвени да се бориме против пандемијата со коронавирусот која борба продолжува и кај нас и во Европа и светот“, порача Брнабиќ, пренесува Н1 ТВ.
Целта е до крајот на годината да биде завршена изградбата на фабриката, а паралелно да се работи и на набавката на потребните материјали и машини за неа. Планирано е до крајот на 2021 оттаму да излезат 10 милиони дози од вакцината. Србија ја произведува и руската вакцина Спутник.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.