19 Мај, 2024
0.0279

Србија на нозе, кисел вкус на радоста на Вучиќ

Објавено во: Балкан 05 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Србија се крена на нозе против актуелниот премиер и штотуку избран претседател на Србија. Белград, Ниш, Нови Сад, Краљево, Смедерово, Ужице, Суботица, Сомбор, Крагујевац - протести низ градовите, ширум Србија..Две вечери по ред, главно млади луѓе протестираат низ Србија, марширајќи низ повеќе градови.

Неколку илјади луѓе во Белград, претежно млади, (но и во неколку други градови) два дена „Протестираат против диктатурата“. Се собираат пред Собранието, а потоа се демонстрантите се движат покрај зградата на Политика, РТС, како и Владата на Србија. Граѓаните се движат во колона од Собранието преку Плоштадот Република и се спуштаат се до Железничката станица.

Насобраните на „протестите против диктатурата“, по маршот се пробија скоро до Собранието, но кордон полицајци со шлемови го спречи нивното понатамошно пробивање. Насобраните извикуваа „Кого браните“ и „Супуштете ги пендреците“, но полицијата не реагира.

Меѓу младите има и стари лица

Во протестниот марш, генерално се млади луѓе, но меѓу нив има и стари лица кои носат транспарент - „Деца, пензионерите се со вас“. На улиците не е видлива униформирана полиција, но меѓу учесниците има полицајци во цивилна облека, со мотороли. Меѓу насобраните има и млади лица со маици со лого „Втор круг“, кој беше дел од кампањата на претседателскиот кандидат Вук Јеремиќ. Сеуште не се познати организаторите на протестите, затоа што официјално сеуште никој не се обратил..Кандидатите за претседател на Србија, Саша Јанковиќ, Бошко Обрадовиќ, Лука Максимовиќ Бели и Демократската партија испратија соопштение во кое ги подржуваат протестите, со повик тие да бидат мирни..

Вучиќ - секој има право да протестира, се додека тоа е мирно

Актуелниот премиер и штотуку избран претседател на Србија Александар Вучиќ изјави дека во Србија секој има право да протестира, секој кој е незадоволен од изборите, но се додека тоа е мирно.

Во Нови Сад - демонстрантите се обидоа да влезат во РТВ

Протестантите во Нови Сад, пред зградата на Радио телевизија Војводина на раководството му порачаа дека сакаат медиумот во живо да се вклучува за време на протестие. По пораките, се обидоа покрај обезбедувањето и новинарските екипи на РТВ да влезат во зградата. Насобраните, со повиците „Таа е нивна“, се обидоа да ја нападнат и новинарката на РТВ која се обидувала да подготвни извештај за протестите.

Соработник на Путин: Протестите во Белград се режирани од надвор за да се ослаби власта

Најблискиот соработник на Владимир Путин, член на Единствена Русија, Сергеј Железњак предупреди дека протестите кои се одржуваат во Нелград и другите градови низ Србија имаат за цел подривање на сиверенитетот на земјата. Протестите во Србија се режирани и имаат провокативен карактер. Според стандардното сценарио на обоените политички движења, овие мерки имаат за цел слабеење на легално избраните власти и дестабилизација на земјата. Такви непријателски акции се спроведуваат со намера притисок на раководствата на суверени земји и предизвикување државен удар. За жал, трагичните последици од ваквите варварски мешања во внатрешните рабори на независни земји гледавме насекаде низ светот и се надеваме дека српскиот народ ќе има мудрост и храброст да ја спаси земјата од обоена револуција, оценил Железњак. Според неговите зборови, доказ за внатрешното мешање во внатрешните работи на Србија е одсуството на јасен организатор на протестите и силната желба да се оди на улица, како и широка примена на интернет технологијата во која активно се вклучени студенти, млади и малолетници.

Вучиќ во кампањата ги плашеше србите со македонско сценарио

Граѓаните на Србија во предизборниот период беа заплашувани од опасноста да им се случи „македонско сценарио“. Ваквите предупредувања испраќаше актуелниот српски премиер и лидер на Српската напредна партија,Александар Вучиќ,кој ги обвинуваше опозициските претседателски кандидати дека сакаат да предизвикаат нестабилност и „македонско сценарио“ во Србија. Вучиќ дури и во изборен спот, каде без никакво објаснување користеше снимки од протести во Македонија и од кордон на македонската полиција. Ова наиде на бројни реакции во Србија, особено од неговиот противкандидат Вук Јеремиќ. „Скандалозно е што режимот на Вучиќупорно го плаши народот со некое македонско сценарио и тоа само неколку дена пред претседателските избори во Србија. Единствен извор на нестабилноста во Србија и опасност за граѓаните претставува токму оваа власт“, реагираа од Изборниот штаб на Вук Јеремиќ. Според информациите, Вучиќ практично за време на целиот предизборен период ги плашеше граѓаните со „македонско сценарио“ и тоа уште на првиот митинг во Врање.

„Мојот одговор на сите оние кои привикуваат на украинско или на македонско сценарио е јасен: Не ви давам да ја урнете Србија, не ви се плашам!“, порачал Вучиќ...

И.М

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс