04 Мај, 2024
0.0243

Србија најавува контрамерки кон Македонија – почнува ли трговска војна?

Објавено во: Агробизнис 26 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Србија најави дека става рампа за македонските производи. Според најавите тоа ќе се случи во текот на оваа седмица поради тоа што Македонија го прекршила договорот за слободна трговија и барањето на ЦЕФТА условениот увоз да се укине до 15 август. Ова денеска го изјави државиот секратар на министерството за земјоделие на Србија, Данило Голубовиќ кој тече дека Македонија ги преминала сите граници на толеранција. Голубовиќ за српските медиуми вели дека Србија се обидела да се надмине спорт на институционален план, но немало слух од другата страна. Засега нема детали за тоа кон кои производи ќе се спушта рампата.Според најавите, утре ќесе расправаат за евентуалното воведување на контра-мерките. Во меѓувреме од министерството за економија стигна потврда дека засега увозот од Македонија во Србија се одвива без никакви проблеми и покрај најавите од српска страна.Македонските власти тврдат дека централноевропскиот договор за слободна трговија, ЦЕФТА, не е прекршен. „Еден член во договорот на ЦЕФТА вели - доколку дојде до дестабилизација на пазарот за еден конкретен продукт, во овој случај брашното и пченицата, тогаш може секоја влада да донесе таква мерка, со цел да се заштити домашното производство и домашните произведувачи. Ние го почитувавме договорот ЦЕФТА, ние и понатаму ја спроведуваме оваа одлука која е во сила и очекуваме од средината на септември одлуката да се повлече“, рече Ваљон Срачини, министер за економија, пренесе Алсат. Доколку сепак Србија реши да воведе контрамерки, Сарачини посочува дека ќе дојде до трговска војна. „Тогаш ние ќе ја разгледаме можноста да ставиме реципрочни мерки за продуктите кои Србија ги извезува во Македонија и тогаш би можел да кажам дека ќе влеземе во една класична трговска војна, што не е добро за двете земји“, додаде Сарачини. Според македонските власти, условениот увоз на брашно и пченица е неопходен за заштита на домашното производство.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?