16 Декември, 2025
0.0579

Србија не размислува да воведе санкции кон Русија

Објавено во: Балкан 22 Март, 2014 12:30

Добивај вести на Viber

Србија нема да воведе санкции кон Русија. Ова е неофицијалниот ставот на земјата се додека не се оформи новата влада. Официјални претставници водат разговори во Брисел и во Москва за да ја објаснат специфичната позиција на Србија и барале разбирање за избалансираниот став за ситуацијата во Украина. Иако не е официјална членка на унијата според изјавите на владини претставници од Белград од Србија е побарано да се приклучи на одлуките на ЕУ. Но од земјата сепак не било експлицитно побарано да го следи курсот на Брисел, но било нагласено дека како држава која ги почна пристапните разговори за членство, доколку сака да напредува на тој пат, треба да ги усогласи своите акции со тие на ЕУ. „Поради пишувањата на одредени медиуми за некакви разговори на наши дипломати со украинското министерство за надворешни работи, сакаме да истакнеме дека ставот на Србија за случувањата во Украина е познат и непроменет“, се наведува во соопштенито од српското министерство за надворешни работи. Сепак шефот на српската дипломатија Иван Мркиќ изјави дека Србија знае кои се најзините приоритети во надворешната политика, која е израз на внатрешната политика и потребата на народот и државата. -Кога ќе се оформи новата влада попрецизно ќе бидат изнесени ставовите, кои како и досега ќе бидат засновани на меѓународното право и универзално прифатените принципи кои ги регулираат меѓународните односи, рече Мркиќ. И покрај информациите дека Брисел инсистира Србија да се приклучи кон санкциите за Русија, од Белград тврдат дека таков притисок нема.  

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството