СРБИЈА НЕМА ДА БИДЕ ПОГОДЕНА СО СУСПЕНЗИЈАТА НА РУСКИОТ ГАС НИЗ УКРАИНА - српската министерка вели дека граѓаните не треба да се грижат
Објавено во: Економија 02 Јануари, 2025
Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ порача дека граѓаните на Србија не треба да се грижат за прекинот на рускиот гас преку Украина, бидејќи таа земја не се снабдува од тој правец, туку од балканскиот тек.
Таа посочи дека за Србија најважно е да има доволно енергетски резерви и дека и покрај сложената геополитичка ситуација, нивните цени се стабилни.
„Можно е пазарите во Европа да почувствуваат одредени последици и ќе се обидеме да спречиме тие да се прелеат во Србија“, нагласи Ѓедовиќ.
Таа истакна дека изградбата на Балканскиот тек е завршена во екот на пандемијата на Ковид.
Зборувајќи за најважните планови и проекти за 2025 година, министерката рече дека треба да започне изградбата на нафтоводот Србија-Унгарија, што е многу значајно со оглед на тоа што НИС, за кој САД најавија санкции поради руска сопственост, добива нафта преку Јадранскиот гасовод JANAF.
Гасоводот треба да биде готов до 2027 година, а вредноста на инвестицијата се проценува на околу 150 милиони евра. Должината на нафтоводот е 128 километри, а капацитетот ќе биде околу пет милиони тони нафта годишно.
Курир Бизнис/Дневник.рс