16 Декември, 2025
0.0402

Србија прва во Европа по смртност од рак – поради бомбардирањето на НАТО

Објавено во: Балкан 26 Март, 2015 18:45

Добивај вести на Viber

Србија е првата држава во Европа по смртност од рак, а секоја година овој процент се зголемува во просек за 2,5 отсто.

Причина за зголемениот број заболени и починати од рак во оваа балканска земја се бомбардирањата на НАТО, при што биле употребени 15 тони осиромашен ураниум, објасни онкологот Слободан Чикариќ, претседател на српското здружение за борба против ракот.

Од 2012 година заболени од рак се 36 408 лица, а починале 21 269 луѓе. Извештајот на експертите покажува дека кај мажите најчест е ракот на белите дробови, а кај жените смртноста е највисока кај ракот на дојката. Се уште нема податоци за 2014 година, но се очекува бројот да се зголеми до 40 000 луѓе.

Во февруари минатата година Светската здравствена организација (СЗО) изнесе податоци за движењето на малигните тумори во светот, според кои во 2014 година се очекуваат 14 милиони новозаболели во светот, а во 2034 година нивниот број ќе достигне 24 милиони луѓе.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството