Добивај вести на Viber
Србија и даде рок на Македонија, ако до крајот на неделава не се реши проблемот со издавањето на контролните маркици за увоз на српско брашно, ќе воведат трговска блокада. Од срспкото министерство за трговија, туризам и телекомуникации велат дека за ова го информирале и македонското министерство за земјоделство, од каде што телефонски добиле уверување дека нема да има застој во издавањето на маркиците. Заменик-министерката на српското министерство за трговија, туризам и телекомуникации
Бојана Тодоровиќ, вели дека три месеци нивниот извоз на брашно во македонија е успорен и намален поради намалениот број на издаднеи контролни маркици за брашно.Тодоровиќ посочи дека за проблемот ја известитиле и ЦЕФТА и доколку до крајот на неделева не се реши состојбата ќе воведат контра мерки за македонските производи.
-Сеуште немаме донесено одлука какви конкретно мерки би вовеле доколку не се реши проблемот, бидејќи упативме писмо до македонскиот министер за земјоделство и добивме телефонско уверување дека нема да има проблеми околу издавањето на контролните маркици за брашно и дека нема да има застој,и ние ќе почекаме неколку дена, еве до крајот на оваа недела за да видиме дали е тоа точно и дали во пракса ќе биде покажано. Ако македонското министерство го исполни уверувањето, тогаш нема да има проблеми, но ако се продолжи со застојот ќе мора да превземеме мерки. Секако дека за проблемот ќе ја известиме и ЦЕФТА бидејќи и двете државни сме потписници. Инаку ние најавивме контра мерки зато што веќе три месеци е доста успорен нашиот извоз на брашно во Македонија.
Мерката која ја применува македонската Влада го успорува процесот на издавање на маркици за брашно и со тоа се спречува извозот. Ние се соочувме со намалување на извозот, особено ако се анализираат јули,август и септември, секој месец извозот се намалуваше поради тоа што се одлговлекуваше со процесот на издавање на маркиците и што во текот на летото е направен за избор на фирма која ќе ги печати маркиците и поради тоа во тој период воошто не се издаваа маркици и извозот беше закочен.Сметаме дека тоа е мерка која што министерството за земјоделство на Македонија ја воведе за да спречи поголем увоз на брашно од Србија. Бидејќи такви мерки имавме и претходните години на разни начини се спречуваше извозот на брашно, ние имаме право да воведеме соодвтени контра мерки според правилата на ЦЕФТА, вели заменик-министерката на српското министерство за трговија, туризам и телекомуникации Бојана Тодоровиќ.
Од македонското министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство велат дека нема застој во издавањето на контролните маркици. Потврдуваат дека имало мал застој додека завршил тендерот за избор на компанија за печатење на маркиците, но дека сега тој проблем е решен.
Ние остануваме на нашиот став. Точно е дека малку доцнеше тендерот за избор на фирма за печатење на контролните маркици. Но тендерот заврши во септември, се избра фирмата, маркиците печатат и состојбата е нормализирана, односно нема застој во издавањето на маркиците. Секој што побарал маркици му биле издадени. Ние истиот одговор ако има потреба ќе го пратиме и до ЦЕФТА, велат од министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.
Според податоците од српското министерство за трговија, извозот на брашно во Македонија во првите летни месеци од годинава изнесувал 8.211 тони, односно во јули се извезени 3.428 тони, во август 2.326 тони, а во септември 2457 тони брашно.Проценките на српското министертсво за трговија се дека реалните можности за извоз на српско брашно во Македонија се од 3.500 до 4.000 тони брашно месечно. Ова е втор пат како Македонија и Србија се наоѓаат пред трговска војна. Проблемот во трговските односи меѓу Македонија и Србија ескалираше во 2013-та година, кога Македонија заради заштите на домашното производство ја воведе мерката за условен увоз која предвидуваше дека на секој еден килограм на увезена, македонски увозниците се должни да купат три килограми домашна пченица, а потоа следуваше и воведувањето на контролни маркици за брашното, но не само за увозното туку и за домашното. Мерката со која македонската влада го ограничи увозот на брашно од пченица и Србија стапи во сила на 1 Јули.
По состанокот со министерот за трговија на Србија, Расим Љајиќ на 10 јули, се покрена иницијатива за укинување на мерката. Проблемот стигна и до Комитетот на ЦЕФТА,а српското министерство најави дека доколку Македонија не ја повлече мерката за условен увоз, тие ќе забранат увоз на македонско вино и зеленчук. Од македонска страна на 2 септември беше укината уредбата за ограничен увоз на пченица, а на 15 септември за брашно.Истиот период блокада од една недела за македонските производи, стави само Косово, но проблемите релативно брзо беа надминати.
С.Ј.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: