05 Декември, 2025
0.0335

Србија со ултиматум: За 10 дена ќе го стопира увозот на македонското вино!

Објавено во: Агробизнис 05 Јули, 2013 21:00

Добивај вести на Viber

Со закани за стопирање на увозот на македонско вино, Србија искажува револт од мерката за ограничување на увозот на српска пченица во Македонија, воведена со цел да се заштити домашното производство. Затоа сега Србите најавија реципрочни мерки и се заканија дека ако во рок од 10 дена Македонија не го повлече ограничувањето со кое домашните трговци мора да откупат 4 килограми од домашното жито за да увезат еден килограм брашно, ма ист начин ќе го стопираат увозот на македонско вино во Србија. Сега македонските винарии се загрижени и бараат преземање итни мерки од надлежните институции. Од здружението „Вина од Македонија“ ги известија  надлежните институции дека стојат на располагање за дополнителна аргументација во врска со ова за нив значајно прашање.
„Искрено се надеваме дека надлежните институции од двете земји ќе најдат заеднички јазик во насока на изнаоѓање на заемно прифатливо решение, со што ќе се избегнат негативни последици врз извозот на вино“, стои во реакцијата од здружението. Мерката за увозот на пченица и брашно, само ја прееа чашата кај српските институции. Како што веќе пишуваше Фактор, закани и сопки при трговијата од српска страна во трговијата со Македонија имаше и претходно.Стопанската комора на Србија ја обвини Македонија, дека  во текот на минатата година во Србија од Македонија биле увезени повеќе од 1,1 милион пилиња и значајни количини на сомнително месо од Бразил, каде што живината се храни со соја која што е генетски модифицирана.Обвинувањата беа отфрлени од македонските институции како неточни. Потоа истата комора ја обвини Македонија дека го стопирала увозот на српска пченица и брашно. Но увозот не беше стопиран, туку беа зајакнати контролите на граници поради сомнителни пратки за кои се покажа дека содржат тешки метали. Нешто подоцна избувна и аферата со афлатоксинот во пченката и млекото. Најавата на Србија дека ќе го ограничи увозот на македонско вино, може да биде погубна  за трговијата на двете земји, предупредија и од Стопанската комора на Македонија. Од таму апелираат двете страни да се заземат и што побрзо да го решат спорот, затоа што ќе има негативни последици, особено врз извозот на македонското вино, бидејќи се работи за еден од поголемите пазари. Само лани извозот на вино во Србија изнесувал 27.000 тони, во вредност од 15 милиони евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?