СРБИЈА УРНА РЕКОРД: Имаат најголем број заболени од коронавирусот досега
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 28 Септември, 2021
Србија сруши рекорд со бројот на заболени од коронавирусот.
За 24 часа, во Србија има 8.467 нови случаи на коронавирус и 45 починати. Ова е најголем број на новозаразени за еден ден, од 1 декември минатата година, кога беа регистрирани 7.999 новозаболени, јави дописникот на МИА од Белград. Вкупниот број на жртви во Србија сега е 8.142.
Вкупно во Србија досега биле инфицирани 926.269 луѓе, а сега во болниците има 6.155 пациенти, од кои 251 се на респиратори.