Србија уште не одлучила дали ќе учествува во „Турски поток“
Објавено во: Балкан, Економија 26 Јуни, 2015 20:44
„Србија размислува за неколку проекти на природен гас во земјата, и одлуката за учество во „Турски поток“ сеуште не е донесена“, изјавил амбасадорот на Србија во Русија Славенка Терзиќ.
„Србија нема ништо против Турскиот поток, но се гледа дека преговорите за трасата низ Србија одат многу тешко. Како ќе се развие ситуацијата сеуште не знаеме. Поради тоа Србија сé уште не презела конкретни решенија“, изјавил дипломатот.
Тој истакнал дека Србија продолжува и очекува тесна соработка со Русија во областа на обезбедување на Србија со гас.
Амбасадорот објаснил дека прашањето за енергетската безбедност е многу важнo за Србија.
„Рускиот гас за нас, како и за цела Европа, е многу важен. Но, во „Турски поток“ дали ќе доаѓа тој или некаде на друго место, се уште не можеме да кажеме. Србија е подготвена за сите проекти кои ќе ја гарантираат нашата енергетска безбедност и стабилност“, изјавил Терзиќ.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




