27 Ноември, 2024
0.0694

Србија во случајот пченица, „ем шуто, ем боде“!

Објавено во: Агробизнис 10 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Според мелничарите единствениот спас за мелничарската индустрија е зголемувањето на домашното производство на пченица. На тој начин не само што нема да се трошат пари за увоз  на пченица, туку ќе се намали и ризикот од увоз на сомнителни пратки на пченица и брашно, и крајно ќе имаме евтини финални производи.  Со последните информации од српската Стопанска комора, дека Македонија го стопирала увозот на српското брашно и пченица, Србија уште еднаш покажа дека е валкан играч кога е во прашање заштитата на домашното производство, коментираат македонските мелничари. Тие велат дека никогаш не барале стопирање на увозот, туку само позасилени контроли на српската пченица и брашно. -Не бараме да се стопира увозот, но бараме  позасилена контрола на границите, особено по последните случувања со афлатоксините во пченката, оловото во пченицата. Со таквите засилени контроли ќе се заштитат и потрошувачите и домашниот пазар. Засега контролите се исти, нема некое засилување. Всушност  одговорот на институциите е дека тие  не се обврзани да испитуваат тешки метали при увозот на брашно, и тоа би требало да се промени. Ние остануваме барањето за контролите, дека така крајно ќе се заштити и мелничарската индустрија. Македонија нема доволно пченица за покривање на домашните потреби, но сепак подобро е да увезуваме суровина односно пченица, отколку готов производ, вели претседателот на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Николчо Ѓорѓиев. Обвинување од Србија Српската стопанска комора обвини дека Македонија вовела различни прописи и правила со кои не се дозволува увоз на брашно и пченица, и дека на тој начин сме ги прекршиле правилата од ЦЕФТА договорот. Според српската комора, тоа било причина што индустријата за брашно во Србија, имала загуба од три милиони евра годишно, и дека уште полошо, овој своевиден бојкот опфаќа и голем број производи од Србија. -Праксата со која се воведуваат различни уредби и правилници со кои се оневозможува увоз на српско брашно трае веќе три години, и тоа околу пет месеци годишно, а проблемот никако да се реши“, изјави за српските медиуми Здравко Шајатовиќ, заменик директор на “Житовојводина“. Сарачини: постапуваме во согласност со правилата на ЦЕФТА Според македонскиот министер за економија Ваљон Сарачини, мерките што Македонија ги превзела во последниот случај со пченицата во која беше утврдено зголемено присуство на олово, не се во спротивност со правилата на ЦЕФТА. -Нашиот чекор е во согласност со сите правилници на ЦЕФТА, со кои се пропишува, пченицата што се увезува во земјата да е со соодветен квалитет, а впрочем и нашата главна цел е граѓанинот што живее во Македонија, да биде сигурен во квалитетот и безбедноста на финалниот производ.  Од тие причини ние ги спречивме и не дозволивме да завршат во промет спорните количини во кои што беше утврдено дека имаат присуство на тешки метали над дозволените граници, вели Сарачини. Македонија спроведува вообичаена пракса И од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се децидни дека увозот не е ограничен и се реализира речиси секој ден, а контролата на пратките е согласно обврската за доследна примена на европските стандарди. Од таму посочуваат дека контролите на граница се вообичаена пракса со цел да се провери дека земјата извозник ги почитиува стандардите, што се дадени  во документот што го следи прoизводот. Од МЗШВ велат дека контролата се врши согласно зконите и во согласнот со барањата на Европската унија. Од македонската Стопанска комора посочуваат дека Македонија го подржува ЦЕФТА договорот за слободен проток на стоки во земјите потписнички во насока на брз проток на производите без царински бариери и со почитување на пазарните законитости. Согласно ЦЕФТА правилата, како и многу пати до сега, Македонија заедно со останатите земји членки укажува на што побрзо одтстранување на барирерите кои ја кочат размената во земјите од регионот и се пречка за нејзино зголемување, а домашниот пазар останува отворен за фер конкуренција почитувајќи ги прописите за здрава и пред се безбедна храна со цел заштита на крајниот потрошувач, стои во соопштението од СКМ. Валкана игра за бизнисот? Ова не е прв пат Србија да игра валкано во трговската размена со Македонија, коментираат за Фактор упатените во бизнисот. На Србија не и е ниту прв пат да извезува сомнителни производи, и да мисли дека тоа Македонија ќе го толерира, велат извори за Фактор. Пред информацијата дека Македонија го стопирала извозот на српска пченица и брашно, Стопанската комора на Србија ја обвини Македонија, дека  во текот на минатата година во Србија од Македонија биле увезени повеќе од 1,1 милион пилиња и значајни количини на сомнително месо од Бразил, каде што живината се храни со соја која што е генетски модифицирана. И тогаш македонските агробизнисмени коментираа дека ваквите тврдења се  некоректен начин за заштитата на домашното производство.Упатените во бизнисот дури велат дека Србија на овој начин се обидува да и објави трговска војна на Македонија, поради односот на македонските надлежните институции во периодот кога беше аферата со афлатоксинот и во ситуации кога се чувствува загрозена од увозните производи и сака да го заштита на сопственото производство. Повеќе од јасно е дека со овие две неточни обвинувања, Србија сака да и врати на Македонија за аферата со афлатоксинот, коментираат добрo упатени извори за Фактор, бидејќи македонските власти јасно и порача на Србија дека нема да дозволи увоз на срспки млека и млечни производи, се додека земјата не ги врати европските стандарди за дозволено присутво на токсинот во млекото. Евтиното српско брашно ги уништи македонските мелничари Македонската мелничарска индустрија веќе подолг период се наоѓа во криза поради нелојалната кокуренција на домшаниот пазар. Состојбата во мелничко -пекарската индустрија е алармантна, се отпуштаат работници, намалени се капацитети на производството, се затвораат млинови. Состојбата е повеќе е од аларамнта, но нема што да правиме, тоа е пазарна економија, србите си ја штитат нивната индустрија со разни мерки, ние не сме моќни и нема што да направиме. Остануваме на нашите барање во ек на жетва да не се поставуваат бариери за слободен увоз на пченица, второ квотите кои се пуштаат од 12-ти месец од тековнта година да важат за целата година. Пазарот треба да биде слободен, и ние неколку пати апелиравме до надлежните во жетва да биде слободен пазарот, само така може да бидеме конкурентни на странското брашно. Тоа е и согласно правилата на СТО и ЦЕФТА. Мелничката индустрија е пред колапс поради диспаритетот меѓу домашното и увозното брашно. Сега треба до жетва да издржиме и тогаш да си купиме пченица по пазарна цена, а тогаш пак ќе ја воведат мерката и ќе бидеме принудени да платиме по нереални цена за пченицата и пак истиот филм додека издржиме, вели претседателот на мелничко-пекарската индустрија при СКМ, Николчо Ѓорѓиев. Спасот е во зголемување на производството Македонија 50 отсто од домашните потреби ги покрива со увозна печеница, односно увезува околу 150.000 тони. Последните поскапувања на пченицата во Србија, нема да доведат до поскапување на македонското брашно, велат мелничарите. -Ние имаме залихи на пченица, и нема цената на брашното да се зголеми, бидејќи српското евтино брашно ни дише во врат. Поскапувањето на пченицата во Србија е резулатат на тоа што се чистат залихите. Лани беше слаба сезоната и сега се трошат залихите и затоа и се зголемува цената. Последна информација што ја слушнав е дека Србија ќе пушти сега 60.000 тони пченица од резервите и дека ќе им ја позајми на тамошните мелничари, на тој начин повторно ќе ја срушат цената.Тоа нив им е пракса, да пуштаат пченица на крај на сезона, им ја позајмуваат на мелничарите и така држат ниска цена, да можат лебот да го контролираат во Србија поточно да имат имаат евтин леб.Така крајно се и конкурентни со нивното брашно кое е поевтино,  и ние не можеме да работиме, објаснува Ѓорѓиев Според мелничарите единствениот спас за мелничарската индустрија е зголемувањето на домашното производство на пченица. На тој начин не само што нема да се трошат пари за увоз  на пченица, туку ќе се намали и ризикот од увоз на сомнителни пратки на пченица и брашно, и крајно ќе имаме евтини финални производи. Ј.С

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.