Србија забрани увоз на македонски домати?!
Објавено во: Агробизнис 08 Јули, 2013 14:24
Во Србија се очекува да се официјализира одлуката на владата за ограничување на увозот на домати и вино од Македонија. Но, Србија денеска наводно не дозволила увоз на домати од Македонија, јави „Б92“.
Потпретседателот на владата на Србија Расим Љаиќ и минстерот за зeмјоделие Горан Кнежевиќ се согласиле за превземање на мерки по повод одлуката на македонската влада да го ограничи увозот на пченица и брашно од Србија.
„На Македонците треба да им покажеме заби“ изјавил секретарот на Здружението на земјоделските комори на Војводина, Џорџе Бугарин коментирајќи ја одлуката на македонската влада, пренесе „Нова ТВ“.
Бурните реакции во Србија се предизвикани од одлуката на Владата на Македонија за воведување мерка за заштита на пазарот на пченица и брашно, која ќе важи до 31 декември 2013 година.
Според одлуката, увозот на меркантилна пченица се поврзува со извршен откуп на пченица од род 2013 година од домашното производство, со право на увоз на 1 килограм на секои 3 килограми извршен откуп.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





