Србин дошол на гости во Прилеп, почина на Токсикологија
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2016
Српски државјанин почина на скопските клиники.
Во полициската станица во Прилеп, синоќа околу 21 часот од ЕИК Скопје е известено дека починал Т.Л., државјанин на Република Србија. Тој претходно со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил префрлен во Ургентниот ценар во Скопје на Клиниката за Токсокологија.
Истиот ден околу 12 часот Д.Т. од Прилеп, го донел Т.Л. за укажување на лекарска помош во Општа болница Прилеп, од каде поради влошената здравствена состојба е префрлен на лекување во Ургентниот центар во Скопје.
Т.Л. престојувал кај Д.Т. од 20 октомври.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.