Србите во Македонија нема да плаќаат патарини од 15 јуни до 15 август
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Април, 2021 16:54
Српските граѓани два месеци летово нема да плаќаат патарини низ Македонија. Ова ќе важи од 15 јуни до 15 август.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска е во официјална посета на Србија каде изјави дека сите српски граѓани ќе бидат ослободени од плаќање на патарини во Македонија. Филипче рече дека благодарение на таа донација, Македонија била во можност да започне со имунизацијата. Тој се заблагодарил и за чинот на отворање на вратите за македонските граѓани за вакцинирање во српските центри.
Направен е и договор Институтот „Торлак“ да биде стратешки партнер на Македонија, за набавката на вакцините.
Дека ќе има ослободување од плаќање на патарини прв најави премиерот Зоран Заев.
За српските туристи низа попусти има во Дојран. Во меѓувреме се преговара и со други општини.
Во Србија вакцини примија над 23.000 граѓани од регионот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





