05 Декември, 2025
0.0601

Сребрен медал за виното „Розе Classic“ на „Тиквеш“

Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2013 12:52

Добивај вести на Viber

Виното „Розе Classic“ од бербата 2012  на Винарската визба „Тиквеш“ доби сребрена награда на меѓународниот натпревар „Le Mondial du Rosé“, што се одржа по десетти пат во Франција. Во категорија од над 1000 розе вина, виното на „Тиквеш“ доби високо признание од стручното жири. На овој реномиран и високо специјализиран натпревар за розе вина  се натпреваруваа винарници од 28 земји од светот, а најбројни беа винарниците од Франција, Шпанија и Италија, како и винарниците од Јужна Америка. Квалитетот на вината го оцени стручното жири составено од 65 претставници од 18 различни земји со долга винска традиција. Тиквеш е единствена винарница од земјава и регионот која доби награда на ова престижно натпреварување. -Континуираниот процес на усовршување на нашите вина и следење на трендовите е наша основна цел. Најновата награда на „Розе Classic” е јасен доказ дека за да се постигнат нови успеси и да ги исполниме нашите цели, мора да се натпреваруваме секој ден. Продолжуваме да ја градиме успешната винска приказна на Тиквеш“, изјави Игор Илиевски, извршен директор на ВВ „Тиквеш“. Од вкупните произведени количини на виното „Розе Classic“  на „Тиквеш“ околу 20% се пласираат на домашниот пазар, додека останатите 80% се извезуваат. Во 2012 година продадени се 227.500 шишиња од Розе Classic. Најновите истражувања на пазарот покажуваат дека розе вината се меѓу „најтрендовските“ вина во светот во последните дваесет години. Во време на криза кога продажбата на вино се намали, стабилен и без никакви последици остана само сегментот на розе вина. Три вина на „Тиквеш“ добија и високи награди на регионалниот вински фестивал „Вино Балканика“, што се одржа во Велико Трново во Бугарија. Во конкуренција на вина од пет земји: Романија, Турција, Бугарија, Грција и Македонија, виното „Темјаника Special Selection“ 2012 беше наградено со злато, додека сребрен медал добија црвеното вино „Барово“ 2011 и „Ркацители Special Selection“ 2012.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј